КОЛЕКЦИЈА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

   

13.05.2019
👁 Прочитано: 1242


Не е многу вообичаено на нашите простори за уметноста да се грижи некоја институција која не и припаѓа на културата, а уште помалку да создава збирка на ликовни дела , а не е ниту музеј, ниту галерија. Нормално е да, зад секоја збирка уметнички дела стојат некои ентузијасти, вљубеници во уметноста, луѓе со јасна цел, кои ги собираат уметничките дела, ги селектираат и ги следат движењата во ликовната уметност, и по свој афинитет, ја градат збирката. Такви луѓе иницијатори за постоењето на оваа збирка ликовни дела, имало и се уште има во Стопанката комора на Македонија. Почетоците на оваа збирка ликовни дела датираат од 1965 година. Како јадро околу кое се формираше сегашната збирка беа делата на великаните и основоположниците на македонската современа ликовна уметност, сликарите Личеноски, Мартиновски, Пандилов, Коџоман и други.

Проширувањето и збогатувањето на збирката го чинат делата на средната и помладата генерација ликовни творци, меѓу кои спаѓаат: Петлевски, Корубин, Кондовски, Мазев, Гуте, Ташковски, Манев, Кал’чев и други. Денес оваа збирка брои на над педесет слики во маслена техника и бројни цртежи, акварели и графики од сите генерации македонски ликовни уметници.

Овие дела не се заробеници ма музејските и галериските депоа. Тие „живеат“  на ѕидовите во просториите на Комората, го облагородуваат просторот и имаат постојан дијалог со вработените и со посетителите во оваа институција. Сликите се први што ги „поздравуваат“ посетителите. Тие сами воспоставуваат дијалог со гледачот и од тие причини , обично се поставуваат на највидни места. Уметничките дела умеат потсвесно да зборуваат за себе, за авторот и за својот сопственик и вршат мисија на амбасадори на доброто расположение и благодарноста.

Токму од тие причини, иницијативата на Стопанската комора на Македонија е корисна и  исто толку благородна, значајна за развивањето на ликовната уметност и ширењето ликовната култура во Македонија.


Александар Ристески, Композиција
Б. Зенделски, Берба на памук
В. Влаховиќ, Св.Стефан
Вангел Коџоман, Каменоресци
Вангел Коџоман, Старо Скопје
Васко Ташковски, Непозната присутност
Гоце Божурски, Мртва природа (мандолина и лубеница)
Гоце Божурски, Мртва природа (со лубеница и лимон)
Данчо Кал’чев, Џамадан
Данчо Кал’чев, Мртва природа
Данчо Кал’чев, Мртва природа
Данчо Ордев, Композиција 140295
Димитар Кондовски, Свечена слика VII
Димитар Пандилов, Пазар во Скопје
Драгутин Аврамовски Гуте, Композиција
Ѓорѓи Ачески, Стара куќа
Ѓорѓи Ачески, Матка
Емил Шулајковски, Кумир
З. Костовски, Мртва природа (Ваза со цвеќе)
Коле Манев, Мртва природа
Лазар Личеноски, Терзија
Љубодраг Маринковиќ Пенкин, Композиција
Менде Ивановски, Композиција IV
Миле Корубин, Без наслов
Миливоје Новаковиќ - Кањош, Пејзаж
Мирослав Масин, Три мајмуни
Непознат автор, Композиција
Непознат автор, Ваза со жолто цвеќе
Никола Мартиноски, Свадба
Никола Мартиноски, Девојче - циганче
Павле Георгиевски - Зуфа, Мементо на стариот охридски чун
Павле Кузмановски, Мртва природа
Петар Мазев, Композиција
Петар Попчев, Македонски вез
Петар Попчев, Мртва природа (котле и аван)
Родољуб Анастасов, Посвета на мајка ми
Свето Манев, Коњи
Томе Андреевски, Магична игра
Томе Серафимовски, По бањање
Томе Серафимовски, Св.Наум Охридски
Томо Владимирски, Ребро на реката
Тони Шулајковски, Ирационална вистина