„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Повици

21.05.2025

Објавен повик на Европската Комисија за компании од Европската Унија/Европската Економска Зона и Западен Балкан да инвестираат во иднината на регионот!

 Во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и за поддршка на инвестициите во регионот од страна на компании од ЕУ/ЕЕА/Западен Балкан, Европската комисија објавува повик за изразување интерес од компании со седиште во ЕУ/ЕЕА/Западен Балкан (ЗБ) кои сакаат да инвестираат во која било од економиите на ЗБ или на регионално ниво во согласност со стратешките области на интерес и политичките приоритети на Европската Унија.

Сите предлози за проекти презентирани до Европската комисија ќе бидат оценети врз основа на критериумите наведени во овој Повик и ќе бидат третирани подеднакво, обезбедувајќи фер и транспарентен процес на оценување. Првата фаза од овој Повик за изразување интерес е отворена за поднесување до 21.05.2025 година, 00:00 часот – Бриселско време.

Целта на Повикот за изразување на интерес е да се поттикнат стратешки и одлучувачки приватни инвестиции во Западен Балкан кои се во согласност со приоритетните области на Повикот и се базираат на стратешките приоритети на Планот за раст за Западен Балкан, како и на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Повикот се фокусира на следните клучни сектори за подобни проекти со минимален праг од 10 милиони евра, вклучувајќи:

  • Зелена транзиција: решенија за чиста енергија, енергетска ефикасност, циркуларна економија и модернизација на инфраструктурата;
  • Интеграција во индустриските синџири на снабдување/производство на ЕУ: Интеграција во европскиот ланец на добавувачи и модернизација;
  • (Критични) Минерални суровини: Обезбедување на одговорен пристап до критичните минерални суровини;
  •  Одржлив транспорт: Модернизација на одржливи системи за транспорт, урбана мобилност и дигитална инфраструктура;
  •  Дигитална транзиција: Промовирање на дигитализацијата во економијата, вклучувајќи и 5Г, инфраструктура за податоци и дигитализација во образованието и здравството;
  • Одржлив туризам: Приоритет на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, и соработка со локалните заедници;
  • Развој на човечки капитал: Инвестирање во развој на вештини и општествени иницијативи;
  • Влијание на финансиите: Основање на приватни фондови со силен зелен или општествен импакт;

Ако сте компанија од ЕУ/ЕЕА или од Западен Балкан која е спремна да направи разлика во регионот, ова е Вашата можност да добиете потенцијална поддршка од Европската Комисија за да ги идентификувате и надминете ограничувањата во врска со потенцијалните инвестиции, која вклучува и финансиски инструменти.

За повеќе информации за Повикот и условите, влезете на линкот во прилог:

https://enlargement.ec.europa.eu/enlargement-policy/enhanced-eu-engagement-western-balkans/publication-call-expressions-interest-eueeawestern-balkans-based-businesses-invest-western-balkans_en#express-interest

 

 


Контакт лице: м-р Антонета Манова Ставреска
Проектен менаџер

Телефон: + 389 2 3244060
Е-адреса: antoneta@mchamber.mk