„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Совет за унапредување на високото образование и стратешките истражувања

Совет за унапредување на високото образование и стратешките истражувања

Главната цел заради која е основан Советот е ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор, во насока на унапредување на квалитетот на високото образование и на унапредување на компетенциите и на вештините на високообразовниот кадар во согласност со потребите на бизнисот.

Советот, преку соработка со домашни и со странски институции, има цел преку промоција на едукативните настани во трите програми (Школа за бизнис-лидери, Развој на мали, средни и на старт ап бизниси и Институтот за извоз) да поттикне примена на европските правила и стандарди, перманентно функционално образование и иновација на знаењата на високообразовниот кадар, што ќе води кон воспоставување Институт за извоз, во чии рамки компаниите ќе добијат практично знаење за подготовката за извоз, како и аналитички центар кој ќе обезбедува соодветни анализи и истражувања за потребите на компаниите.

Советодавната улога во делокругот на своето работење ќе ја остварува преку тоа што ќе разгледува и ќе утврдува мислења, ставови, насоки и иницијативи за клучни прашања за позиционирањето на Комората во согласност со потребите на македонското стопанство за сите прашања поврзани со надградбата на знаења на високообразовниот кадар.

Преку Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања се испорачуваат следните активности:

  • Центар за едукација и развој на човечки ресурси
  • Школа за бизнис лидери
  • Институт за извоз
  • Денови на отворена врата
  • Развој на старт ап бизниси

 


 

Анализа - насловна

АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ НА РАБОТОДАВЦИТЕ ОД ВИСОКООБРАЗОВНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Стопанската комора, водејќи се од реалните потреби на своите членки, во текот на 2024 година спроведе консултативен процес со компании и високообразовни институции, со цел подобро усогласување на понудата на високообразовен кадар со потребите на пазарот на трудот. Преку Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања беше изработена „Анализа на потребите на работодавците од високообразовни квалификации“, базирана на одговори од 78 компании.

Анализата се базира на реални потреби базирани на одговори доставени од 78 компании кои учествуваа во истражувањето и како резултат на тие одговори, идентификувани се 56 квалификации од кои работодавците во следните пет години ќе имаат зголемени потреби, како што се: економисти, ИТ кадар, електро и машински инженери, правници, градежни инженери, технолози и други профили. Овие квалификации се групирани по сектори: електротехника, економија, право и трговија, машинство, здравство и социјална заштита, градежништво и геодезија, геологија, рударство и металургија, сообраќај и логистика, хемија и технологија, земјоделство и текстил.

Целта е овие наоди да послужат како подлога за креирање на соодветни студиски програми и квоти за упис за академската 2025/2026 година, како и за воведување на практична настава кај работодавачите како составен дел од образовниот процес.

Комората останува активен партнер во унапредувањето на високото образование преку своето учество во националните тела за образовни реформи.

За пристап до анализата: Анализа на потребите на работодавците од високообразовни квалификации