НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 15.09.
➢ Актуелно (15.09.2020)
👁 Прочитано: 322


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 15.09.
15.09.1254 година, роден е Марко Поло, венецијански морепловец.
15.09.1786 година, италијанскиот лекар и природонаучник Луиџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена - галванска.
15.09.1812 година, француската армија предводена од Наполеон дошла до Кремљ во Москва.
15.09.1822 година, францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата.
15.09.1830 година, отворањето на железничката линија Ливерпул – Манчестер на која е употребена парната локомотива. „Ракета“ е проследено и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хускисон.  
15.09.1835 година, бродот „Бигл“ со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос.
15.09.1890 година, родена е Агата Кристи, британска писателка.
15.09.1975 година, Мухамед Али победил на светскиот шампионат во бокс, тешка категорија.
15.09.1993 година, во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.  
Служба за информирање при Комората