Одлука на Европската Комисија: САД, Израел, Нов Зеланд и Србија меѓу првите од целиот свет со дозволи за извоз на садници во ЕУ
➢ Актуелно (01.08.2020)
👁 Прочитано: 556



Одлука на Европската Комисија: САД, Израел, Нов Зеланд и Србија меѓу првите од целиот свет со дозволи за извоз на садници во ЕУ

Со одлука на Европската Комисија, нашиот северен сосед, Република Србија, покрај САД, Израел и Нов Зеланд, меѓу првите имаат добиено дозволи за извоз на садници и саден материјал на пазарот на ЕУ, соопшти Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство на Србија.


“Станува збор за важна и ексклузивна одлука што се потврдува со фактот дека ниедна друга земја во светот вон ЕУ, ја нема таа множност. Причината за носење на таквата одлука е врвниот квалитет на овошни садници кои се произведуваат во Србија како и докажаната спремност на српските институции да одржат високо ниво на квалитет на произведениот саден материјал”, истакнуваат од Министерството за земјоделие. Тоа е резултат на напорната работа на Министерството за време на епидемијата на корона вирусот заради која постоела опасност од неможност за продажба на садниците, се додава во соопштението од Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство на Србија.

 

Служба за информирање при Комората