СЕМОС ЕДУКАЦИЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА ONLINE ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ

   

👁 Прочитано: 373


СЕМОС ЕДУКАЦИЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА ONLINE ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ

Семос Едукација, како општествено одговорна компанија, ќе организира бесплатна online обука за 1.250 наставници од основно и средно образование за користење на алатки кои ќе им помогнат во реализација на нивната online настава.

Предвидено е од секое училиште да бидат обучени по двајца наставници кои понатаму ќе ги обучат своите колеги за спроведување на online настава.
За таа цел формиран е и проектен тим од Семос Едукација,тимот забрзано работи на креирање на наставна програма за која веќе имаме спремни 5 модули.

Во очекување сме на насоки од МОН за понатамошна реализација на овој проект.
Ќе го споделиме како своето искуство за online настава, така и своите знаења за соодветните алатки кои можат да се користат во наставата. На тој начин се надеваме дека ќе им помогнеме и на наставниците и на учениците и ќе дадеме придонес кон квалитетна реализација на една од најважните општествени активности – воспитно образовниот процес