Купувачки мисии за клиенти од Блискиот Исток и Северна Африка преку Клубот на извозници

   

👁 Прочитано: 1512


Купувачки мисии за клиенти од Блискиот Исток и Северна Африка преку Клубот на извозници

Глигор Цветанов, претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија и извршен директор на „Макпрогрес“ - Виница

Новата 2020 година започна со надеж дека набрзо има можност да бидеме интегрирани во европското семејство, каде што ни е местото. За кондиторските производители предизвик и понатаму ќе биде одржувањето на конкурентноста на производството во услови на зголемување на трошоците на работењето врз основа на зголемени цени на суровините од кои посебно шеќерот, растителните масла и масти и какаото, како и трошоците за вработените водени од порастот на платите.

За мала држава, како што е Македонија, извозот дефинитивно е најглавниот генератор на економскиот пораст. Затоа, цел на кондиторската индустрија освен подобрување на позициите на домашниот пазар, мора да биде и подобрување на позициите на извозните пазари. Секој од нас треба да работи на подобрување на енергетската ефикасност, продуктивноста и автоматизацијата со цел да останеме конкурентни. Понатаму, секој од нас треба да работи повеќе на развојот и лансирање на нови уникатни и иновативни производи кои се носат со променливите барања на потрошувачите во поглед на подобар нутритивен состав, компании кои имаат подобрена општествено одговорна свест во поглед на благодетите на вработените и на екологијата.

Преку Клубот на извозници планирано е да направиме дополнителни напори да ја претставиме домашната индустрија преку организирање купувачки мисии на потенцијални купувачи од земјите од Блискиот Исток и од Северна Африка, како и да инвестираме и да работиме со цел подобрување на продуктивноста и автоматизацијата за да останеме конкурентни.

Целото интревју со Глигор Цветанов на Фактор.мк https://www.faktor.mk/intervju-cvetanov-kje-organizirame-kupuvachki-misii-za-klienti-do-bliskiot-istok-i-severna-afrika