Повик за пријавување на кандидати за валидирање на неформално и информално учење

   

➤ ОГЛАС (17.02.2020)
👁 Прочитано: 1226


Повик за пријавување на кандидати за валидирање на неформално и информално учење

Во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ “ (http://trainee-mk.eu/), како дел од Програмата за енергетска ефикасност, во тек е процесот на идентификување, документирање и препознавање на претходните знаења, којшто е признаен како важно средство за остварување на економските и социјалните цели на европско ниво. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, како координатор на проектните активности, врз основа на подготвената Методологија за препознавање на претходните знаења за професионални вработени во градежниот сектор , го објавува следниот:

Повик за пријавување на кандидати за валидирање на неформално и информално учење преку препознавање на претходно знаење и вештини (ППЗВ)

I. Предмет на повикот:

Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаење и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Повикот се однесува за следните занимања во градежниот сектор:

- инсталатер на електрични инсталации со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;

- инсталатер за греење, ладење и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;

- фасадер со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;

- покривач на покриви со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;

- столар со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;

- инсталатер на сончеви термални колекторски системи;

- инженер со вештини за проектирање на сончеви термални колекторски системи;

- инсталатер на фотоволтаични системи и

- инженер со вештини за проектирање на фотоволтаични системи.

*Напомена:

Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаење и вештини за едно или повеќе занимања од погоре наведените со јасно назначување во пријавата. Одборот за сертификација при Проектот „ТРАИНЕЕ“ одлучува за издавањето сертификат за поседување на компетенции за соодветното занимање.

Кандидатите кои ќе се пријават за валидирање на неформално и информално учење преку препознавање на претходно знаење и вештини немаат финансиски обврски. Целиот процес на препознавање на претходно знаење и вештини во рамките на Проектот е финансиран од Проектот „ТРАИНЕЕ“.

II. Услови за пријавување

1. Општи услови

Учесник во процесот на валидација може да биде лице кое има навршено најмалку 18 години. Кандидатите треба да имаат завршено: средно образование, или постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации; само за инженерските занимања најмалку VI степен на квалификации според НРК (дипломиран инженер од техничките факултети со најмалку 180 ЕКТС).

Потребно е работно искуство најмалку 3 (три) години во струката, односно занимањето за кое се бара сертификат и поседуваат претходно знаење, вештини и компетенции од наведената област. Детални информации за процесот на препознавање на претходно знаење и вештини (ППЗВ) со преглед на условите и критериумите за пријавување, како и целните групи за секое од занимањата се дадени во документот „Детални информации и упатства за процесот“ (во прилог).

III. Тек на процесот на препознавање на претходно знаење и вештини

Секој кандидат кој ќе оцени дека во претходното работно искуство и/или самостојното учење ги стекнал бараните знаења, вештини и компетенции навадени за некое од набројаните занимања (наведени како Резултати од учење објавени во „Детални информации и упатства за процесот на препознавање на претходно знаење и вештини (ППЗВ)“.

Кандидатот поднесува ПРИЈАВЕН ЛИСТ (во прилог) за препознавање на претходното знаење и вештини за дадено занимање, заедно со докази за работно искуство и стекнати компетенции, како и потпишан ДОГОВОР (во прилог) за валидирање на неформално и информално учење преку препознавање на претходно знаење и вештини (ППЗВ).

Поднесените апликации ги разгледува и ги оценува Комисија за проценка, составена од сертифицирани проценувачи (обучени во рамките на Проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недоволни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.

IV. Резултати/придобивки за кандидатите

Вид на сертификат

Со успешно завршување на постапката на препознавање на претходно знаење и вештини, кандидатите ќе добијат валидирање на своето неформално и информално учење и ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаење, вештини и компетенции за определеното занимање.

Важност на сертификатите

Сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“. Сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект, чии резултати се признаени од Европската комисија, како проект финансисран од Програмата „Хоризонт 2020“, поради што сертификатите ќе бидат издадени на македонски и на англиски јазик дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасни.

Стекнати компетенции

Сертифицираните кандидати, по добивањето на сертификатот, ќе можат да аплицираат на тендери каде се бара поседување на компетенции кои се содржани во сертификатот.

V. Пријавување

Пријавувањето на кандидатите се врши на ЕДЕН од следните два начина:

- доставување на документите во електронска форма преку следниот ЛИНК: http://trainee-mk.eu/component/rsform/form/6-prijavuvanje-na-kandidati-za-validiranje-na-neformalno-i-informalno-uchenje-preku-prepoznavanje-na-prethodno-znaenje-i-veshtini-ppzv

Контакт-лица за прашања при поднесување пријави во електронска форма:

-м-р Ивана Сандева, ivana@feit.ukim.edu.mk и

-д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска, lihnida@feit.ukim.edu.mk ;

- доставување на документите во печатена форма во Архивата на Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чуповски, бр. 13, 1000 - Скопје.

Контакт-лицe за поднесување пријави во печатена форма:

-м-р Ивана Крстевска, тел.: +389 23 244 51 и е-адреса: ivana@mchamber.mk.

VI. Потребна документација:

- пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ;

- ДОГОВОР за валидирање на неформално и информално учење преку препознавање на претходно знаење и вештини (ППЗВ);

- копија од диплома за завршено образование;

- сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни установи што организираат обуки за ЕЕ);

- доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето.

Повикот за пријавување е отворен до 13 март 2020 година.

Во прилог на Повикот:

- ПРИЈАВЕН ЛИСТ;

- ДОГОВОР за валидирање на неформално и информално учење преку препознавање на претходно знаење и вештини (ППЗВ);

- Детални информации и упатство за процесот.