КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 175


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

 ТРИ ТОП ВЕСТИ  

- Свет – Франција го затвора првиот реактор на најстарата нуклеарка во земјата. Целата престанува со работа во јуни. Првата во низа што ќе се затвори, а работи на јаглен. До 2022 година Франција ќе ги затвори сите јаглени нуклеарки, како противтежа на користење обновливи извори на енергија.

- Македонија – Агенциите за ветеринарство на Бугарија, Србија и Македонија, професори, експерти, одгледувачи на свињи, на заедничка средба во Скопје ќе разговараат за африканската свинска чума, иако кај нас според надлежните нема опасност од оваа болест.

- Комора - Прес-конференција на тема: „Потенцијалите за унапредување на економската соработка со Република Италија“, со присуство на амбасадор на Република Италија во РСМ, Н.Е. Карло Ромео и Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

П.С. Ги очекуваме вашите нови иницијативи, дилеми, предлози.

- Зошто арбитража? Д-р Елена Милевска Штрбевска во ПОРАКА ОД, ги објаснува причините кои ја позиционираат арбитражата како стручна, доверлива постапка, брза и со кратки рокови на реализација.

- Во АКТУЕЛНО... Од Давос во Стопанската комора на Македонија. Ќе се презентира истражувањето за мислењата и ставовите на извршните директори на PwC во Северна Македонија околу економскиот раст и други важни прашања и предизвици со кои се соочува бизнис секторот во секојдневното работење, кое е дел од глобалното 23-то истражување - PwC CEO Survey презентирано на светскиот економски форум во Давос оваа 2020-та година. Акцентот е ставен на мислењата и ставовите на извршните директори за:

  • движењето на економскиот раст;
  • вработувањата и развојот на вработените;
  • степенот на дигиталното унапредување и предизвиците во оваа сфера;
  • каква иднина ни следи - што нè очекува?

Поради коронавирусот откажан најголемиот Саем за мобилни телефони во светот, кој требаше да се одржи од 24 до 27 февруари во Барселона,.

- Во ПОРАКА ОД ЕСНАФОТ, Виктор Мизо, генерален менаџер на „КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Стопанската комора на Македонија, порачува дека поради комплексноста на автомобилската индустрија (масивност на производствените погони, локален Know-How и сл.), дислоцирање на производствените погони, односно креирање на нови добавувачи надвор од засегнатиот регион во Кина (на пример, како во текстилната индустрија), со цел „заобиколување“ на евидентните загуби, во некој разумен временски рок, не се реални опции за оваа индустрија!

- Рубриката ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИ нуди информации за македонските бизниси, кои се новините, во што инвестираат компаниите, кои се нивните предизвици.

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!