„АТВА“ МАРКЕТИ – УСПЕШНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН

   

👁 Прочитано: 583


„АТВА“ МАРКЕТИ – УСПЕШНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН

Трговската фирмата „Атва“ ДООЕЛ - Кичево, чија основна дејноста е трговија на мало, е активна членка на Стопанската комора на Македонија, препознатлива по синџирот на маркети лоцирани во неколку градови во земјата. 

При реализираната посета на фирмата од страна на Дијана Лазороска Јованоска од Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија, со сопственикот Душко Силјаноски разговарано е за повеќе работи поврзани со функционирањето на истата, за нејзиниот развој почнувајќи од основањето во 1993 година, за тајната за успешното работење и постоење, како и за предизвиците и проблемите со кои таа се соочува во пракса.

„АТВА“ МАРКЕТИ – УСПЕШНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОНСо гордост беше нагласено дека од мала локална продавница, со текот на времето и со многу вложен труд и низ конкретно  препознавање на потребите  на купувачите на пазарот, фирмата прерасна во синџир на 10 маркети, од кои  пет  се  „АТВА маркети“, два се „ДИО“ дисконти и три „АТВА ХОМЕ“ центри во Кичево, Охрид и Струга, на вкупна површина од 6500 метри квадратни.

Ваквиот успех, според сопственикот Душко Силјаноски, е резултат на  постојано следење на потребите на пазарот, напорната работа, вложениот труд и финансии,  како и следење на законските регулативи и воведување на стандарди кои се во функција на подобрување на конкурентноста на пазарот, при што за задржување на досегашното темпо на раст и развој на фирмата најголем проблем и пречка во моментот претставува недостигот на соодветен кадар.

„АТВА“ МАРКЕТИ – УСПЕШНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН„Атва“ маркети се модерни маркети,  кои се  грижат за купувачите, ги следат  трендовите и постојано воведуваат новитети. Како синџир-маркети ја продолжуваат традицијата на лојалност кон потрошувачите и гарантираат квалитетна услуга на секој потрошувач, располагајќи со  голем асотиман од над 20.000 артикли на најпознатите светски и локални брендови како прехранбени производи, кондиторски производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, средства за хигиена, сите потребни производи за уредување на домот и се препознатливи и по свежи продукти на домашни и странски производители, секогаш топли производи од нивната пекарница и вкусна подготвена домашна  храна од нивната кујна.

„Атва“ стигна до бројката од 110 вработени со отворање на маркетите во  Охрид и во Струга во 2017 година, а во 2018 година нивната дејност е проширена и со производство и монтажа на ПВЦ врати и прозорци.

Дијана Лазороска Јованоска