ПОЕДНОСТАВНА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА НЕПРЕЧЕНО РАБОТЕЊЕ БАРААТ КОМПАНИИТЕ

👁 Прочитано: 1678

ПОЕДНОСТАВНА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА НЕПРЕЧЕНО РАБОТЕЊЕ БАРААТ КОМПАНИИТЕ

„Изградба - Комерц“ е реномирана компанија-членка на Стопанската комора на Македонија, која во досегашното работење има изведено многубројни објекти од областа на високо и нискоградбата, како и стекнати референци на домашниот и странскиот градежен пазар. Почетоците на компанијата датираат од далечната 1991 година со проширување на работењето на дотогашниот ѕидаро-фасадерски дуќан „Изградба“.

„Изградба – Комерц“ покрај со изградба на објекти се занимава и со продажба на градежни материјали, а поседува и сопствен погон и машини за изработка на ПВЦ и АЛ-столарија со стручно оспособени лица за изработка и монтажа на столаријата. Од 2014 година компанијата ја проширува својата дејност во областа на минералните суровини и поседува сопствена сепарација за ископ на песок и чакал во с. Идризово. Сепарацијата располага со рударска опрема (багери, камиони и сл.), а материјалот кој се произведува ги поседува потребните сертификати за сообразност на контрола на фабричко производство согласно Законот за градежни производи.

М-р Нена Николовска од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, оствари работна посета на „Изградба - Комерц“, при што разговараше со директорот на компанијата, Игор Илијевски. Притоа, се дискутираше за предизвиците во работењето на компанијата, проблемот поврзан со недостатокот на стручен кадар како прашање од приоритетно значење за градежниот сектор и примената на прописите од областа на јавните набавки. Во таа насока беше посочено дека е потребно намалување на обемот на потребна документација во постапките за доделување на јавните набавки, како и каде што постои можност прибавување на документацијата по службена должност помеѓу надлежните органи и институции со цел да се поедностави спроведувањето на постапките и да се овозможи непречено работење на компаниите.

Зад успешното децениско работење на „Изградба - Комерц“ стои стручен тим од инженери, техничари и ВКВ работници подготвени да ги реализираат сите фази на градежни и занаетчиски работи.

ПОЕДНОСТАВНА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА НЕПРЕЧЕНО РАБОТЕЊЕ БАРААТ КОМПАНИИТЕ ПОЕДНОСТАВНА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА НЕПРЕЧЕНО РАБОТЕЊЕ БАРААТ КОМПАНИИТЕ

Нена Николовска