ПРЕЗЕНТИРАНИ ГРАНТОВИТЕ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ПРЕД СТРУМИЧКИТЕ КОМПАНИИ

   

АКТУЕЛНО / 14.01.2020
👁 Прочитано: 325


ПРЕЗЕНТИРАНИ ГРАНТОВИТЕ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ПРЕД СТРУМИЧКИТЕ КОМПАНИИ

Во соработка со Регионалната комора со седиште во Струмица при Стопанската комора на Македонија во присуство на претставници на струмичката бизнис заедница, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) одржа презентација за двата јавни повика од инструментот за кофинасирани грантови за технолошки развој во вкупна вредност од шест милиони евра.

Целта на инструментот е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) кои ги исполнуваат условите од правилникот за истиот.

Бранислав Марковски, од Фондот за иновации и технолошки развој во своето обраќање истакна дека повиците се наменети за микро, мали и средни компании, како и за приватни здравствени установи до 250 вработени и не повеќе од 10 милиони евра годишен приход кои се регистрирани во земјава без разлика на нивната сопственост и фондот  ќе покрива до 30 отсто од инвестицијата, а останатите 70 отсто ќе треба да ги обезбеди апликантот од сопствени средства или од други извори.                                  

Рокот за поднесување на апликации за јавниот повик по редовна постапка, во вредност од три милиони евра, ќе биде отворен до 5 февруари 2020 година и на него ќе можат да аплицираат и компании кои досега не учествувале на претходните јавни повици на Фондот.

Клучната новина што е воведена со јавниот повик е скратената процедура за аплицирање, односно олеснетиот пристап на компаниите до средства за реализација на инвестициски проекти. Скратената процедура важи за сите компании апликанти кои во изминатава година учествувале на јавните повици, по било кој инструмент и при тоа поминале две од трите фази на оценувањето. Тие веднаш одат до Комитетот за одобрување на инвестиции за разгледување и донесување на конечна одлука, а административните проверки ќе се направат пред потпишувањето на договорите.

ПРЕЗЕНТИРАНИ ГРАНТОВИТЕ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ПРЕД СТРУМИЧКИТЕ КОМПАНИИЗа микро компании се кофинасира до 30 отсто од инвестицијата за проектот, но не повеќе од пет милиони денари, а за малите и средни компании компании исто така до 30 отсто од инветицијата, но не повеќе од 10 милиони денари.

Се поддржуваат одлуките на компаниите да воведуваат современи практики и технологии во своето работење со што ќе станат поконкурентни, а се финансираат трошоци за набавка, изнајмување или изработка на опрема, реновирање на хали, софтверски алатки, како и трошоци поврзани со подготовка и реализација на обуки, со спроведување на план за подобра организациска структура, додека не е дозволено кофинансирање на трошоци за плати и набавка на стоки и услуги од домашни јавни претпријатија, за угостителски услуги.

За повеќе информации компаниите може да се информираат на следниот линк: http://www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj/

Ирина Георгиева