КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 231


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

ТОП ТРИ ВЕСТИ

- Свет – Финализираат подготовките за светскиот престижен економски форум идната недела ДАВОС 2020. Многу очекувања. Животната средина повторно една од клучните теми. Најавено присуство на светски политички елити..

- Македонија – јавно ќе бидат презентирани резултатите од реализацијата на Оперативниот план на програми и мерки за вработување за 2019 година, во Владата.

- Комора во насока на имплементација на добрата практика за унапредување на јавно-приватниот дијалог започнуваат активности за презентирање на приоритетите на економските програми на политичките партии во пресрет на изборните процеси.

П.С. петтиот ден од работната неделата во рубриката ПОРАКА ОД... ќе биде резервирана за тема на која ќе пишува м-р Зоран Јовановски.

Ги очекуваме вашите проблеми, сугестии, иницијативи во рубриката КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ.

Во рубриката ПОРАКА ОД... со свој осврт за уписната политика во средните стручни училишта и за потребата од вклученост на деловната заедница во креирање на образовните програми пишува м-р Анета Димовска, самостоен советник во Комората одговорна за анализи и истражувања на стопанскиот систем и економската политика. Во текстот осврнувајки се на ефекти на краток и долг рок, Димовска меѓу другото укажува и дека во целиот процес недостасува прагма и разбирање дека проблемите мора да се решаваат, не со повици и дописи, туку со конкретни акции, затоа што бизнисот ја „храни“ државата и кога тој повикува на решавање на одреден проблем, тоа не е личен проблем на компанија, тоа е проблем на државата.

- Во рубриката КИФ, за проектите коишто шесте комори од Западен Балкан ќе продолжат активно да ги имплементираат во 2020 година, како и за тоа дека приоритет на Коморскиот инвестициски форум во 2020та година остануваат активностите за креирање единствена Регионална економска област (РЕО).

- Во новата година, нови содржини за семинари, работилници во Едукативниот центар на Комората - http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mid=5&lng=1

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, за компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајнот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!