МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ - ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ОПЕРАТОР И ЛИДЕР

   

👁 Прочитано: 6185


МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ - ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ОПЕРАТОР И ЛИДЕР

Македонски Телеком како водечки национален телекомуникациски оператор е дел од Групацијата „Дојче Телеком“ од 2001 година. Компанијата обезбедува говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа. Македонски Телеком нуди богато портфолио на конвергирани услуги за приватни и деловни корисници, лидер е во ТВ-сегментот, а следејќи ги светските трендови, фокусот на компанијата е ставен на Cloud и ИКТ-решенија, обезбедувајќи најдобро корисничко искуство.

Телекомуникациската индустрија е брза и динамична, па затоа компанијата има за цел да биде предводник во дигитализацијата на општеството, ставајќи ја технологијата во функција на граѓаните. Инфраструктурата е најголемиот адут на компанијата, а со континуираните инвестиции обезбедува основа за креирање на врвни технолошки решенија и услуги. Со постојаните вложувања, Македонски Телеком ја гради мрежата на иднината!

Како водечки технолошки лидер, Македонски Телеком е прва компанија во Европа и во Групацијата „Дојче Телеком“ со мрежа целосно базирана на интернет протокол. Во 2013 година, компанијата прва на пазарот ја воведе и 4Г мрежата. Со континуираните вложувања во инфраструктура, на крајот на 2018 година 90 отсто од територијата на државата и 99 отсто од населението е покриено со 4Г мрежа. Инвестициите во оптиката пак, придонесоа повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија да имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа на Македонски Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија.

Во ноември 2019 година, Македонски Телеком ја постави првата тестна 5Г мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за тестирање на оваа нова технологија во реални услови. Ова е уште еден чекор кон воведувањето 5Г во Македонија, која ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности и иновативни услуги за корисниците.

„Фокусот во телекомуникациската индустрија е ставен на дигитализацијата. Како технолошки лидер, целта на Македонски Телеком е преку инфраструктурата, искусниот кадар и експертизата да биде предводник и сериозен партнер за целосна дигитализација на општеството. Нашата визија е технологијата да се искористи за доброто на граѓаните. Развојот на дигиталното општество со себе носи нови можности како: е-образование, е-здравство и современи технолошки решенија со што ќе им се подобри и олесни животот на сите чинители, вклучително и бизнис секторот. Воведувањето на новите технологии создаваат услови и за економски развој на нашата земја, па сосема логично е најголемите инвестиции во наредните години да бидат фокусирани на мрежата како наш најголем адут, со посебен акцент на 5Г технологијата“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Во разговорот при посетата на Македонски Телеком со претставниците на Стопанската комора на Македонија, в.д. извршниот директор Билјана Пеева-Ѓуриќ и Лазо Ангелевски, задолжен за работата на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Комората. Во разговорите учествуваше и Благој Христов, раководител во Македонски Телеком и претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии.

Тие посебно се осврнаа на потребата од уште поголемо инволвирање на Стопанската комора на Македонија во креирање на регулативна рамка која ќе биде предвидлива, услогласена со ЕУ, но и про-бизнис и инвестициски ориентирана, посебно во делот на укинување на парафискалните давачки кои се сериозен товар за бизнисот, а за истите нема ЕУ-практики.

Дополнитлено се продискутираа и проблемите кои произлегоа од даночната реформа без инволвираност и поддршка од бизнис заедницата. Се дискутираше и за неопходното вклучување на компаниите во дискусиите за концептот на минимална плата и разгледување на можностите на проширување на признаените даночни одбитоци и олесувања на компаниите, меѓутоа задолжително поврзано со мерки за намалување на даночната евазија и „сивата“ економија. Со намалувањето на даночната евазија и „сивата“ економија ќе се овозможи еднакви услови за „здрав“ конкурентски натпревар на компаниите и ќе води кон зголемување на БДП и поголема економска активност.

Македонски Телеком останува поддржувач на напорите на Стопанската комора на Македонија за избалансирана регулативна рамка во линија на ЕУ-законодавството, меѓутоа имајќи ги предвид и спецификите на македонската економија и, секако, низ сериозен и континуиран процес на приватно-јавен дијалог со креаторите на економските политики. Се апелираше и за транспарентен, инклузивен процес на донесување и измени во законската регулатива, како компаниите би имале долгорочна регулативна предвидливост како главен услов со поголеми и одржливи инвестиции.

Лазо Ангелевски