ФАЛКО ДОО – лидер во текстилната индустрија и конфекцијата во Битола

   

👁 Прочитано: 173


ФАЛКО ДОО – лидер во текстилната индустрија и конфекцијата во Битола

Стопанската комора на Македонија продолжува со посета на компании и за таа цел, беше остварена посета на компании од текстилниот сектор во Битола, за подетално и посеопфатно согледување на интересите и потребите на членките  во наредниот период.

Фалко ДОО е компанија со грчки капитал основана во 2006 год лоцирана во село Цапари – Битола, а истата поседува два погона едниот во Цапари, а другиот во Крушево. Придржувајќи се кон принципите за постојано унапредување на квалитетот и зголемување на обемот на производството, израсна во компанија со 250 вработени, кое целокупно производство е наменето за извоз во земјите од Европската Унија пред се за Италија.

Компанијата ги следи најновите технологии за производство на облека и истите веднаш ги практицира во рамките на нивното производство, а тоа го постигнува со зголемување и усовршуваме на машинскиот парк и надградба и обука на вработените. Процесот на производство е под постојана контрола и тоа почнувајќи од првиот чекор од добивање на нарачката од клиентот, преку останатите производни процеси, се` до комплетирање на готовиот производ, и истото се одвива со комплетно нов опремен машински парк, кој постојано се обновува со посовремени машини во интерес на зголемување на продуктивноста во работењето.

ФАЛКО ДОО – лидер во текстилната индустрија и конфекцијата во БитолаФАЛКО ДОО – лидер во текстилната индустрија и конфекцијата во БитолаВо разговорот со сопственикот г-дин Теодорос Тахмацидис и тимот на вработените, беа отворени низа на прашања кои ја оптоваруваат работата на оваа дејност, како и индустријата во целост. Mора да се земе во предвид недостигот на стручна работна сила кој се провлекува со години наназад,  на големиот број на празници во текот на годината, на злоупотребата на боледувањето од страна на вработените, како дел од проблеми со кои се соочуваат компаниите во текот на работењето. Истакна дека мора да се зголеми продуктивноста во работењето која моментално изнесува околу 50% кај текстилни компании, и самото тоа да доведе и до зголемување на платите на вработените, а за да се оствари сето тоа потребно е и автоматизација на производниот процес што ќе доведе до зголемување на продуктивноста.

Честото менување на законските и подзаконските акти,  непредвидливиот деловен амбиент во тековното  работење кој се провлекува со години наназад дополнително им прават  проблеми во  тековното функционирање и работење на компанијата - истакна г-дин Тахмацидис.

Сашо Деспотоски