НЕДОСТАТОКОТ НА СТРУЧЕН КАДАР - ПРОБЛЕМ ЗА КОЖАРСКО ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА

   

👁 Прочитано: 121


НЕДОСТАТОКОТ НА СТРУЧЕН КАДАР - ПРОБЛЕМ ЗА КОЖАРСКО ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА

Компанијата Саминвест  -  Битола е основана 1998 година како компанија со  100% приватен странски капитал, како друштво за производство конфекција и трговија со кожа крзно и текстил, која работи исклучиво лон - производство со околу 70 вработени. Работата во погонот е беспрекорно организирана и опремена со машински парк за производство преработка, штавење на кожа, за кои секоја година се издвојува средства за усовршување и унапредување на производствената технологија, се` со цел на клиентот да му се овозможи високо ниво на услуга.

За да ја одржи својата конкурентна позиција во кожарско преработувачката индустрија, компанијата ја следи програмата за континуирано проширување, постојано инвестира во модерна опрема и нови методи за организирање на производство. Поконкретно, направени се многу инвестиции за набавка на сосема нова опрема и системи за автоматизација, како и за проширување и модернизација на погонот со цел понатамошна ефикасност на производството и надграден квалитет на неговите производи,  зголемување на продуктивноста од работењето, а најголем дел од производите се извезува за компании со високо реномирани имиња од Европската Унија и САД.

Во разговорот со сопственикот на компанијата г-дин Константинос Гиагкопоулос беа отворени низа на прашања кои ја оптоваруваат работата на оваа дејност, како недостигот на стручна работна сила кој се провлекува со години наназад и малата продуктивност во производство, како и проблемите околу зголемувањето на минималната плата која по автоматизам мора да доведе до зголемување на платите и на подобрите работници, а тоа оваа дејност тешко може да го издржи во овој период.

Предизвиците поврзани со исселувањето на работоспособното население од државава, како и превземањето на  стручен кадарот од страна на други компании кои се лоцирани во индустриските зони, а со тоа и намалување на можноста компанијата да најде соодветен број кадри кои им се потребни, уште дополнително ја отежнува работата и функционирањето на оваа компанија.

Исто така иако се мала компанија, непредвидливиот деловен амбиент во тековното  работење кој се провлекува со години наназад, како и честото менување на законските и подзаконските акти,  им прават дополнителни  проблеми во  тековното работење потенцираше г-дин Константинос Гиагкопоулос.

Сашо Деспотоски