The Banker по десетти пат ја награди НЛБ Банка за „Најдобра банка за 2019 година”

   

👁 Прочитано: 221


The Banker по десетти пат ја награди НЛБ Банка за „Најдобра банка за 2019 година”

На 28-ми ноември во Лондон, НЛБ Банка се закити, уште еднаш, по десетти пат, со престижната награда на реномираниот финансиски магазин The Banker, со што го потврди епитетот за најнаградувана Банка кај нас

НЛБ Банка на свечената церемонија на еден од најугледните финансиски магазини The Banker, по десетти пат беше избрана за најдобра банка во Р. Северна Македонија. Официјалното доделување на овие глобални и регионални награди за најдобрите во банкарството за 2019 година се одржа вчера вечер во Лондон, во друштво на најдобрите банки од над 140 земји во светот.

На доделувањето беше присутен Управниот одбор на Банката, а по повод добиената награда Претседателот на Управниот одбор г-динот Антонио Аргир изјави:

„Честа по 10-ти пат да бидеме избрани од овој реномиран магазин за најдобра банка во Македонија е навистина огромна, а задоволството уште поголемо кога знаеме дека се препознаени нашата посветеност, работа и труд. Би сакал да му се заблагодарам на целиот тим на Банката кој е заслужен за оваа награда и силно верува во визијата да бидеме водечка банкарска институција во земјава. Годината која измина беше во знакот на поставување и задоволување на високи стандарди во работењето, инвестирање во дигитализацијата, а со тоа и менување на воспоставената банкарска култура, креирање на успешна пазарна стратегија, донесување на вистински одлуки од страна на менаџментот и сето тоа под капата на едно големо регионално групациско семејство какво што е НЛБ”.

Изборот за најдобра банка магазинот The Banker го прави врз основа на повеќе параметри и критериуми, и тоа: постигнати финансиски резултати, способност за генерирање профит, развој на нови производи, услуги и технологии, опслужување на клиенти и стратешка предност во однос на конкуренција.

НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена добивка од 34,5 милиони ЕУР во 2018 година и добивка од 23,7 милиони ЕУР за првите девет месеци од 2019 година. Одличните резултати се должат на интензивните активности во кредитирање на население и правни лица, при што Банката има второ по големина кредитно портфолио во банкарскиот сектор, како и континуирани продажни активности во сите сегменти од работењето, квалитетни финансиски услуги, подобрување на наплатата и намалување на портфолиото на нефункционални побарувања и значајни инвестиции во дигиталните сервиси со цел нивна поголема достапност и функционалност.

Согласно својата стратегија, во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на оптимизирана и персонализирана понуда, согласно потребите на различни сегменти на клиенти. Банката продолжува да ги следи светските трендови во банкарството и технологијата во насока на поголема дигитализација и унапредување на процесите. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, Банката континуирано ја осовременува и мрежата на експозитури, со што на своите клиенти, им дава широк избор за извршување на финансиските услуги преку современите или традиционалните канали за продажба.

The Banker е британски магазин во сопственост на The Financial Times Ltd. Главниот фокус на The Banker се теми поврзани со глобалниот финансиски пејзаж, во кој се содржани мислења, профили и интервјуа со водечки банкарски и финансиски фигури.

The Banker наградите за „Банка на годината” е годишен настан кој им доделува признанија на врвните финансиски институции во светот.