ВАБТЕК МЗТ Скопје – македонски бренд со долгогодишна традиција и врвен квалитет

   

👁 Прочитано: 294


ВАБТЕК МЗТ Скопје – македонски бренд со долгогодишна традиција и врвен квалитет

Вабтек МЗТ е произведувач на железничка опрема за сопирање. Скоро шест децении, компанијата располага со светска препознатливост преку своето највисоко ниво на технологија и квалитет. МЗТ ХЕПОС е основана во 1953 г., а во 2003 г. станува компанија со светски истакнат бренд за сопирачки системи – италијанската групација ПОЛИ, додека почнувајќи од 2008 г. станува дел од компанијата „Вабтек“, под името Вабтек МЗТ. Потпретседателката на Комората, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и Влатко Стојановски, одговорен за Советот на странски инвеститори при Комората, остварија работна посета на фабриката Вабтек МЗТ, среќавајќи се со генералниот директор на Вабтек, Селим Симбил.

Производствената програма се состои од преку 500 уреди за сопирање со повеќе од 14.000 составни делови што вклучува секаков вид на системи за сопирање и делови за товарната, патничката и локомотивната индустрија. Во согласност со прописите на Меѓународната железничка унија, националните железници во Европа и целиот свет ги има одобрено сите нови дизајни. Производството се спроведува со модерна технологија и во согласност со најновите стандарди ISO 9001 и IRIS.

ВАБТЕК МЗТ Скопје – македонски бренд со долгогодишна традиција и врвен квалитетВАБТЕК МЗТ Скопје – македонски бренд со долгогодишна традиција и врвен квалитетСите производи се одликуваат со висок квалитет што може да се согледа од високата извозна стапка во над 50 земји низ цел свет, вклучувајќи ги скоро сите европски земји, САД, Кина, Турција, Азија, Африка и Јужна Америка.

Вабтек МЗТ е долгогодишна активна членка на Стопанската комора на Македонија и според податоците за 100-те најдобри извозни компании за 2018 г., компанијата го зазема 36. место, со извоз во вредност од 15.997.126,00 евра.

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска