25 ГОДИНИ КНАУФ МАКЕДОНИЈА – ЧОВЕЧНОСТ, ПАРТНЕРСТВО, ПРЕТПРИЕМАЧКИ ДУХ И ПОСВЕТЕНОСТ

   

👁 Прочитано: 352


25 ГОДИНИ КНАУФ МАКЕДОНИЈА – ЧОВЕЧНОСТ, ПАРТНЕРСТВО, ПРЕТПРИЕМАЧКИ ДУХ И ПОСВЕТЕНОСТ

Предводникот во сувата градба и производството на гипсени градежни производи, КНАУФ Македонија, оваа година одбележа 25 години од своето постоење на пазарот. Основана во 1994 година најнапред како комерцијално-техничка канцеларија, со откупување на акции во фабриката Радика во Дебар и изградба на нова, модерна и моќна фабрика, компанијата КНАУФ Македонија прераснува во широко прифатен бренд во индустријата на градежни материјали работејќи според највисоки стандарди и следејќи го чекорот со европските трендови.

Состојбите во индустријата на градежни материјали, правната рамка, деловното опкружување, натамошните активности на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и динамизирањето на активностите на Групацијата за сува градба во рамки на Здружението беа предмет на дискусија на работната средба која претставници на Стопанската комора на Македонија ја остварија со г-дин Тодор Деловски, генерален директор на компанијата и регионален менаџер на КНАУФ за југоисточниот дел на Европа.

Во рамки на своето портфолио КНАУФ нуди повеќе разни градежни решенија, а понудата на компанијата е проширена на речиси сите делови од градбата на објектите: фасадните ѕидови, подовите, топлинската, звучната и хидро-изолацијата, пасивната противпожарна заштита, акустиката, градежната хемија, лепаците за плочки, силиконите, и слично. Системите на Кнауф денес се применуваат во станбените објекти, во деловни објекти, хотели, болници, училишта, детски градинки и други видови на објекти.

25 ГОДИНИ КАНУФ МАКЕДОНИЈА – ЧОВЕЧНОСТ, ПАРТНЕРСТВО, ПРЕТПРИЕМАЧКИ ДУХ И ПОСВЕТЕНОСТКако општествено – одговорна компанија, КНАУФ Македонија е препознатлив и по Кнауф Академијата која претставува платформа за комуникација, едукација и информирање за најновите производи и достигнувања во градежништвото на сите чинители во градежниот процес, размена на стекнатото know-how и акумулирано искуство на компанијата низ годините која успешно работи речиси еден век во повеќе земји од светот. Со оваа платформа, паралелно со образовниот систем, се едуцираат и информираат сите категории на изведувачи, градежници и архитекти (монтери, малтерџии, фасадери, молери, акустичари, противпожарци) преку теоретски и практични работилници.

Освен споменатата Кнауф Академија, во насока на задоволување на потребите на кадри Кнауф има иницирано и заедно со градежните училишта има воведено нов профил на занимање во градежништвото – монтер за сува градба, занает кој постои веќе 15 години и кој досега го имаат изучено околу 1000 монтери. КНАУФ Македонија како социјален партнер на средните градежни училишта помага и со материјали, нагледни средства и мостри, како и преку размена на искуства со други средни училишта од Европа во самата реализација на наставните програми.

С. Македонија е една 80-те земји во светот каде КНАУФ е застапен и со производство и со продажба на градежни материјали. КНАУФ Македонија брои околу 150 вработени во Дебар и во Скопје и досега има реализирано инвестиции во вредност над 40 милиони евра. Во Групацијата во светски рамки се вработени околу 30.000 лица.

м-р Нена Николовска