ПОДДРШКА НА ЕСКО КОМПАНИИTE - МОЖНОСТ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНИТЕ
➢ Актуелно (13.05.2019)
👁 Прочитано: 7131



ПОДДРШКА НА ЕСКО КОМПАНИИTE - МОЖНОСТ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНИТЕ

Со проект од Европската банка за обнова и развој ќе се финансира енергетска ефикасност во општините и тоа во три сегменти, улично осветлување, водоснабдување и мали системи за затоплување. Целта на проектот е надминување на сите пречки за имплементација на проекти за енергетска ефикасност врз основа на ЕСКО моделот во јавниот сектор (во овој случај општините) и да ја идентификува нивната финансиска исплатливост, истакна Здравко Стефановски, координатор на проектот на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), на прес конференцијата во Стопансата комора на Македонија. Стефановски посочи дека Проектот е инициран од (ЕБОР) и е финансиран од Европската унија (ЕУ). 

ESCO Компании се фирми кои даваат услуги во енергетскиот сектор или т.н. “Energy Service Company”. Важно е да се напомене дека целата финансиска конструкција за набавка на опремата и нејзино одржување  е во надлежност на ESCO компаниите за целото времетраење на Договорот. Крајниот корисник (во овој случај општините) ја отплаќаат истата месечно, преку заштедата на енергија. По истекот на времетраењето на Договорот опремата станува во целосна сопственост на крајниот корисник, како и целокупно остварената заштеда со имплементација на проектот, потенцираше Стефановски. 

Во првата фаза на проектот се опфатени проекти за јавно осветлување кои даваат брза имплементација и заштеда на енергија (општините веќе во првите месеци по имплементација на проектите го имаат финансискиот бенефит од заштедата не енергија), а понатаму би можело да биде проширен со проекти за енергетска ефикасност на јавни објекти, како мали централни системи за греење, пумпни станици за водоснабдување итн.

Проектот содржи неколку главни задачи:

1. Разгледување на регулаторната рамка за инвестиции од страна на ESCO компаниите и разработка на моделот на Договорот за енергетски услуги.
2.Техничка помош, поддршка и идентификација на проекти, нивна подготовка, тендерска документација поврзана со  организација и објава на повик за прибирање понуди од ЕСКО компании. Поддршка при имплементацијата и развојот на капацитетите на јавните институции како сопствениците на јавни објекти  ("потенцијални клиенти на ЕСКО"); и
3. Инструменти за финансирање и елементи на грантови за конкретни инвестиции во енергетска ефикасност или обновливи извори на енергија со јасни проценки за заштеда на енергија и намалување на емисиите на јаглерод.

ПОДДРШКА НА ЕСКО КОМПАНИИTE - МОЖНОСТ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНИТЕВо таа насока, а со цел информирање да се претстави моделот на Договорот за енергетски услуги пред засегнатите страни, на 15 мај 2019 година во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи Работилница на која се поканети општините кои веќе изразија интерес за учество во овој проект со потпишување на Меморандум за разбирање. Истовремено учесници ќе бидат и банките како финансиски институции кои што треба да дадат финансиска подршка на проектот и заинтересираните компании кои се подготвени да започнат со имплементација на проекти по ESCO моделот.

Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, Нехри Емрула, истакна дека Агенцијата ги подржува можностите кои придонесуваат за зголемување на енергетската ефикасност во државата. Тој истакна дека рзавојот на ЕСКО компании во државата, и покрај законските можности, е многу малку развиен. Очекуваме овој Проект  да го раздвижи и развие полето на ЕСКО услуги во државата.

Перо Авакумовски