ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ДОБИЈА НОВИ ЛИЦЕНЦИ ОД ДЕЈНОСТА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА ДОДЕЛЕНИ ОД ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
➤ Актуелно (05.03.2019)
👁 Прочитано: 1893



ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ДОБИЈА НОВИ ЛИЦЕНЦИ ОД ДЕЈНОСТА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА ДОДЕЛЕНИ ОД ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Членовите на Групацијата за противпожарна заштита на седницата одржана на 5.3.2019 година расправаа за актуелните состојби во оваа дејност, посебно за  состојбите и проблемите во дејноста за противпожарна заштита по добивањето на новите лиценци за работа.

Донесените нови правилници за поблиско определување на изборот на видовите и на количините  на противпожарни апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните, како и за утврдување на критериумите што треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на пп-апарати, кои се однесуваат на техничката опрема и просторот за работа, главно се испочитувани од правните субјекти од дејноста заштита од противпожарна дејност затоа што се добиени и нови лиценци за работа од Дирекцијата за заштита и спасување.

На состанокот се констатира дека повеќе фирми добија лиценци за работа од Дирекцијата и тоа за Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси и Овластување за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати. 

Во дискусијата се истакна дека и покрај краткиот процес на приспособување на условите што се предвидуваат во новиот Правилник кој можеше да трае повеќе години, што ќе значеше престанок со работа на повеќе стопански субјекти, со што наместо да се развиваат малите и средни бизниси, како што најави Владата, на овој начин околу 95% од сервисите за противпожарни апарати  ќе беа затворени, со што ќе се доведеше во прашање егзистенцијата на стопанските субјекти и вработените во тие фирми, сепак истите успеаја да се приспособат кон новите  услови наведени во Правилникот.

ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ДОБИЈА НОВИ ЛИЦЕНЦИ ОД ДЕЈНОСТА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА ДОДЕЛЕНИ ОД ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Во дискусијата се наметнаа и старите наследени проблеми со учество на тендери во јавните набавки, висината на цената на услугата која се дава, како и понатаму нелојалната конкуренција при учество во јавните набавки и слично.

На крајот на дискусијата се заклучи Групацијата за противпожарна заштита во наредниот период да изготви ценовник на минимална цена на услугите кои се даваат во делот на сервисирање на хидрантските мрежи и сервисирање на противпожарните апарати.

Војкан Николовски
Перо Авакумовски