Здружението на трговијата го поддржа барањето поднесено на ниво на Стопанската комора на Македонија - УКИНУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЗАДОЛЖНИЦА ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
➤ Актуелно (05.12.2014)
👁 Прочитано: 470



Здружението на трговијата го поддржа барањето поднесено на ниво на Стопанската комора на Македонија -  УКИНУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТА ЗА ИЗДАВАЊЕ  НА ЗАДОЛЖНИЦА ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

       Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на 5.12.2014 година, расправаше за актуелните законски решенија што имаат влијание врз работењето на стопанските субјекти од областа на трговијата во Република Македонија, а посебно за законите од областа на финансиите и од областа на работните односи.

        

 

       Членките на Здружението на трговијата го поддржуваат барањето поднесено на ниво на Стопанската комора на Македонија за укинување на задолжителноста за издавање на задолжница во приватниот сектор, а стопанските субјекти од трговијата бараат и одложување на примената на извршување на инспекциски контроли и изречување казни веднаш од почетокот на идната година, согласно Законот за финансиска дисциплина.

      Посебно беше потенцирано дека примената на овие закони ќе бидат 
дополнителен товар и трошок на компаниите, ја отежнуваат работата во секторот, и ќе влијаат многу негативно во услови на нарушена ликвидност во стопанството. 

        

 

       Членките на Здружението на трговијата укажуваат на постоењето на сосема видлива и присутна „сива“ економија, што многу негативно се одразува врз секојдневното работење на фирмите што редовно ги регулираат сите свои обврски, и кон клиентите, партнерите, потрошувачите, добавувачите, вработените, но и комплетно кон државата. Присутната „сива“ економија ги раскопува темелите на здравото стопанство со дополнителните финансиски и други оптоварувања на редовните плаќачи на општествените обврски.

       Здружението на трговијата и понатаму ќе ги следи законските прописи од областа на стопанството, што ќе биде приоритет во работата во текот на идната година и ќе бара контакти со надлежните институции, со цел донесување законски прописи што позитивно ќе влијаат врз работењето на стопанските субјекти.
         

                                                                                                     Лазо Ангелевски