Семинар 18.09.2020 Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат


   

Во деловниот свет, користењето на Excel е од исклучително значење за секој поединец кој се занимава со управување на голем број на податоци. Меѓу најдобрите примери за практична примена на Excel е водењето на магацин - функциите и формулите во Excel овозможуваат решавање на помалку или повеќе сложени проблеми и креирање брзи, ефикасни и компактни табели кои во секое време ја покажуваат бројната состојба на артиклите.
 Еднодневниот семинар посветен на програмата за табеларно пресметување овозможува за најкратко време, оспособување за самостојна анализа на голем број на податоци преку работа со филтри, формули и функции во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. Пивот табелите се еден од скриените адути на Ексел. Тие се применуваат во: администрација, финансии, продажба, набавка, водење на магацини, маркетинг, сметководство, аналитика и управување со ризици, односно секогаш кога е потребен брз, лесен и ефикасен начин за анализа и правење на извештаи. Но, тука е и креирањето на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки. Дел од семинарот ќе биде посветен и на практична примена на Excel во магацинското работење преку одредени практични примери од оваа област поврзани со: МЕТГ -Материјална евиденција во трговијата на големо, пропишан образец, увозна калкулација со пресметка на трошоци од увоз и формирање на набавна цена за артикл во магацин.
 Семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните формули и функции кои ги нуди оваа програма пивот табели и контролни табли, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Составен дел од семинарот се примери од секојдневната практика. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување - Excel.

НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Валидност на податоци;
• Форматирање на ќелии;
• Работа со формули (креирање на формули, употреба на референци на ќелии, претворање на валути, пресметка на данок, влез/излез на производи, креирање попусти...);
• Изработка на фактури во Excel;
• Употреба на вградени функции (математички функции, логички функции, статистички функции, функции за дата и време...);
• Поврзување на работни страници и пресметковни табели;
• Практични примери за примена на наученото во секојдневието (пример: во магацинското работење);
• Сортирање и филтрирање на податоците;
• Пивот табели;
• Креирање контролни табли (Dashboards);
• МЕТГ- Материјална евиденција во трговијата на големо, пропишан образец, увозна калкулација со пресметка на трошоци од увоз и формирање на набавна цена за артикл во магацин.

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Креира реални фактури со вградени формули;
• Практично применува табеларни пресметки: претвора валути, пресметува данок, влез/излез на производи, креира попусти...);
• Поврзува повеќе табели кои се наоѓаат на различни работни страници;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Применува филтрирање и сортирање;
• Користи пивот табели;
• Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
• Користи контролни табли за креирање комплексни анализи;
• Применува Excel во дел од магацинското работење.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време;
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации ;
- Подобар увид во работењето;
- Ослободување од бескрајните калкулирања на трошоците од увоз и нивниот распоред по производи.

Предавач:
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување:15.9.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.07.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Online Бизнис средби, 27.07.2020
Покана за учество на „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020 - 28-30.07.2020 година, Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ
Семинар, 27.07.2020
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ
Семинар, 28.07.2020
ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА, ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА
Семинар, 20.08.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ 2016 (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“