Семинар 11.03.2020 ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

Стопанска комора на Македонија

Еднодневен семинар на тема:

ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
11 март 2020 година (среда)
9:50-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
 

Во услови на сè понагласена животна и деловна динамика и недостаток на време за реализација на сите зацртани цели или желби и потреби, ефикасноста на оние субјекти чиј доминантен продажен модел е со користење телефон, секако добива значење.
Под временскиот притисок, на клиентите им е полесно да го одбијат или да го прекинат телефонскиот повик, оставајќи го телефонскиот комерцијалист со ограничена можност да воспостави кредибилитет и да успее да го информира нестрпливиот клиент за користа со која може да се стекне.
Телефонската продажба има свои одлики кои ја прават различна и специфична во однос на класичната продажба. Секој оној кој (ќе) се занимава со оваа професија има потреба во детали да се запознае со тие специфики и да завладее со критично ниво на техники со кои ќе го подигне својот учинок.
За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 11 март 2020 година, организира еднодневен семинар на тема: ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES).

ПРОГРАМА

I. Вовед – Комуникација – основа на продажниот циклус:

• Комуникациски циклус;
• Кога недостига feedback…;
• Видови комуникација;
• Недостатоци на телефонската продажба;
• Телефонската продажба како модел;
• Активно слушање при телефонски контакт/продажба;
• Емоциите при телефонски контакт/продажба.

II. Карактеристики и фази на продажен процес
• Подготовка – планирање:
  - Совети за ефективно планирање;
• Отворање – Креирање однос:
  - Остварување рапорт;
• Prospecting / Cold Calling:
  - Вистинската цел на cold-calling-от
  - Надминување на фрустрацијата од одбивањето;
  - Кој ден од неделата е најпродуктивен за cold calling/telesales?
  - Кое време од денот е најпродуктивно за cold calling/telesales?
  - Техники за надминување на бариери, отпори и одбивања;
  - 10 најтипични грешки во Cold Calling процесот.
• Анализа на потребите + Претставување на компанијата (причините за моето обраќање) + Презентација (Креирање интерес) = Квалификување на клиентот:
- Откривање на клиентските:
• Потреби;
• Мотиви;
• Приоритети;
  - Прашални техники:
• Типови на прашања и нивна намена;
• Справување со отпори, бариери, пречки, изговори:
  - Објективна или субјективна бариера?
  - Надминување на:
    1. „Не сум заинтересиран“;
    2. „Зафатен сум“;
    3. „Веќе користам“;
    4. „Сакам да размислам“;
    5. „Ќе ви се јавам и ќе ве информирам (за одлуката)“;
    6. „Скапо е...“;
    7. „Не сега“;
    8. „Треба да се консултирам со...“;
    9. „Конкуренцијата нуди подобри услови“;
    10. „...“.
• Сигнали за подготвеност за купување:
• Вербални сигнали за подготвеност за купување;
• Затворање на продажбата:
• Процес на на продажбата преку телефон до затворање;
• Техники за затворање на продажбата преку телефон.


Предавач:

- Митко Керамитчиев е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција.
Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови, бил во прилика да го спроведува нивното глобално know-how на македонскиот и на регионалниот пазар.
„Wrigley“, „Allied Domecq“, „Colgate-Palmolive“, „Johnson&Johnson“, „Dr. Oetker“, „Johnson Wax“, „Hipp“, „Nestle“, „AWT International“, „Alma-M“ се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или со кои тесно соработувал.
Како тренер, со повеќе од  630 семинари, работилници, предавања, презентации и консултантски сесии одржани во Македонија и во регионот, Керамитчиев соработувал со бројни компании од речиси сите деловни сектори: банкарство, енергетика, осигурување, градежништво, транспорт, рударство, спорт, автомобилска индустрија, производство на различни стоки и репроматеријали, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, информатика и комуникација, фармација, тутунска индустрија, угостителство...
Неговата консултантска и тренерска пракса и покрај и  формалното образование (МВА), доминантно ја црпи и базира на сопствено искуство и принципите за кои зборува ги поткрепува со сопствени примери. Самиот е учесник на бројни семинари во земјата и во странство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување за семинарот: 06.03.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 01.10.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 06.10.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Семинар, 14.10.2020
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ, ИЗБОР НА КОМИСИЈА ЗА НЕГОВО ИЗГОТВУВАЊЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ ЗА ТЕКОВНА 2021 ГОДИНА ВО ПРЕДВИДЕН ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО ДРЖАВЕН АРХИВ НА РСМ
Семинар, 15.10.2020
ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИСТИОТ
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Работилница, 19.10.2020
БОЛЕДУВАЊЕ, БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО И ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ИСПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ,ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО НА ТОВАР НА РАБОТОДАВАЧОТ
Семинар, 21.10.2020
ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО КРИЗНАТА 2020 ГОДИНА
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“