Семинар / 21.01.2020

ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА -

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен интерактивен семинар на тема:

ИНКОТЕРМС 2020

- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА - 

21 јануари 2020 година, од 12:00 до 18:00 часот
Сала 3 на 3-ти кат, Стопанска комора на Македонија



Семинарот дава одговори на следните прашања:

Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење  содржи Инкотермс правило?
Што значи новото правило DPU?
Што е разликата помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020?

Кога имам контејнер дали треба да употребам FOB или FCA?
Чиј е ризикот кога стоките патуваат со правилото CPT (CPT Skopje)?
Што е разликата помеѓу CIP и CIF?

Како влијаат правилата ИНКОТЕРМС 2020 на царинската вредност?
Кои главни обврски ги имаат страните во секое одделно правило?
Како правилно да ги употребувам правилата ИНКОТЕРМС 2020?



Во насока на суштинско разбирање на најупотребуваните термини во меѓународната трговија со кои се олеснува размената на стоки и кои помагаат да се избегнат недоразбирањата меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија,  организира  интерактивен семинар на тема: ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА - 
, што ќе се одржи на  21.1.2020 година (вторник), од 12:00 до 18:00 часот.
  
ПРОГРАМА:

- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
- Предностите на ИНКОТЕРМС
- Тие се дел од Договорот за ...?
- Што одредува, а што не, ИНКОТЕРМС 2020?
- Поделба во 2 и 4 групи;
- ИНКОТЕРМС 2020 и институтските карго-клаузули за осигурување на стока;
- ИНКОТЕРМС 2020 и царинската вредност;
- Како правилно да се користат правилата ИНКОТЕРМС 2020?
- Главни разлики помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020
- Кое правило е укинато, а кое е ново?
- Поединечните карактеристики на сите правила ИНКОТЕРМС 2020:
   EXW, FCA, CPT, CIP, DAP,DPU, DDP, FAS, FOB, CFR, CIF.
-Примери од практиката

Целна група:

Семинарот е намененет за: продавачи, купувачи, извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, царински работници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со национална и меѓународна трговија, логистичари, финансии и слично.

Предавач:

-Карло Змајшек,  директор на Центарот за шпедиција во Макпетрол А.Д. Скопје, консултант со 30-годишно искуство во извозно-увозното работење и носител на авторските права за ИНКОТЕРМС 2010 на македонски јазик со одобрение на Меѓународната трговска комора од Париз.
            
За сите учесници е обезбедено:
- работен материјал
- ручек, кафе и освежување
- сертификат за присуство
 
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 17.1.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015