ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
29.10.2019
Семинар
ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА И УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА НЕЈЗИНО СПРОВЕДУВАЊЕ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна работилница на тема:

ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА И УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА НЕЈЗИНО СПРОВЕДУВАЊЕ, ЕФЕКТУИРАЊЕ НА КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА И КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА И ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

29.10.2019 година (вторник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 29 октомври 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Подготовка на интерен акт за дисциплинска постапка и услови и правила за нејзино спроведување, ефектуирање на конкурентска забрана и конкурентска клаузула, други основи за престанок на работниот однос“. Работилницата ќе биде особено насочена кон севкупно информирање на слушателите за важноста од подготовката и примената на интерен акт за дисциплинска постапка. Воедно, ќе бидат детално и практично разработени сите аспекти на дисциплинската постапка, почнувајќи од условите и методите за нејзино спроведување, сé до последователните дејствија по нејзиното заклучување.

Во насока на заокружување на правната поставеност на дисциплинската постапка, која е предвидена при прекршување на работниот ред и дисциплина од страна на работникот, покрај тој основ, ќе бидат разгледани и другите причини за откажување и престанок на договорот за вработување.
Дополнително, ќе се анализираат правата и обврските на работникот и работодавачот, а особено внимание ќе се посвети на понудување одговор на сите прашања поврзани со конкурентската забрана и конкурентската клаузула и нивното ефектуирање во деловното работење.

Со еднодневната работилница на присутните ќе им се овозможи да стекнат практични вештини за правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, при што акцент ќе биде ставен на дискусија и одговор на сите прашања и дилеми, а сé во насока на поголема правна заштита и сигурност.

ПРОГРАМА
 
I. ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА:
- Законска регулатива:
  • Приватен сектор;
  • Јавен сектор;
- Основи и услови за спроведување дисциплинска постапка – кршење на работен ред и дисциплина.

ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА:
- Елементи на интерниот акт;
- Услови, начин и претпоставки за спроведување дисциплинска постапка;
- Практични примери.

II. КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА:
- Законска забрана за конкурентско дејствување.
    
     КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА:
- Договорна забрана за конкурентско дејствување;
- Надоместок за почитување на конкурентската клаузула;
- Престанување на конкурентската клаузула;
- Практични примери.

III. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ:
- Обврски на работникот:
Обврски на работникот во врска со вршење на работата;
Почитување на упатствата на работодавачот;
Почитување на прописите за заштитата при работата;
Обврска на известување;
Забрана на штетно однесување;
Обврска за чување деловна тајна;

- Обврски на работодавачот:
 Обезбедување работа;
 Обврска за плаќање за вршење на работата;
 Обврска за обезбедување безбедни работни услови;
 Обврска за штитење на личноста на работникот;
 Заштита на личните податоци на работникот;
- Практични примери.

IV. ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС:
- Начини на престанување на важноста на договорот за вработување;
- Престанување на важноста на договорот за вработување на определено работно време;
- Престанување на важноста на договорот за вработување поради смрт на работникот, односно работодавачот (физичко лице);
- Престанување на важноста на договорот за вработување поради поведување постапка за престанок на работодавачот;
- Раскинување на договорот за вработување со спогодба;
- Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот;
- Дозволеност, форма и содржина и врачување на отказ;
- Основани и неосновани причини за отказ;
- Понуда на нов променет договор пред отказ;
- Постапка и откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот;
- Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски;
- Откажување на договорот за вработување со и без отказен рок;
- Отказни рокови: минимални отказни рокови, течење на отказен рок, паричен надоместок наместо отказен рок;
- Права и обврски на страните за време на отказниот рок;
- Други основи за престанок на договорот за вработување.
- Практични примери.

Предавачи:

- Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, меѓу кои ICSID при Светската банка во Вашингтон и Европскиот суд за човекови права - ECHR. Член на Постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, коавтор на Прирачникот за правнички вештини, национален тутор на HELP-Програмата на Советот на Европа. Активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството;

- Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 24.10.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје