Форум 26.11.2019 МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МАШИНИ И ИНЖЕНЕРСТВО „ПРОЕКТИРАЊЕ МЕХАНИЗАЦИЈА И ПОСТРОЈКИ“

Стопанска комора на Австрија, Виена , Австрија

ПОКАНА

МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МАШИНИ И ИНЖЕНЕРСТВО
„ПРОЕКТИРАЊЕ МЕХАНИЗАЦИЈА И ПОСТРОЈКИ“

26 ноември 2019 година
Стопанска комора на Австрија, Виена
https://machinery2019.b2match.io/home

Почитувани,

Со цел размена на знаење и искуства за најновите трендови во технологијата за машини и инженерство и проширување на нови пазари, Стопанската комора на Австрија, во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, Стопанската комора на Македонија и Enterprise Europe Network, Ве покануваат да бидете дел од претстојниот Меѓународен форум што ќе се одржи на 26.11.2019 година, во Стопанската комора на Австрија, Виена.

 На деловните средби, на коишто ќе присуствуваат компании од целиот свет, учесниците ќе имаат можност да остварат директни деловни контакти со потенцијални партнери, добавувачи и идни потрошувачи, како и да споделат искуства и експертиза во примена на најновите технологии во инженерството, особено во делот на проектирање механизација и постројки.

Настанот ќе се одржи на 26.11.2019 година (вторник), во Стопанската комора на Австрија во Виена.
 
Ве информираме дека доколку сакате да учествувате на овој настан како и на деловните средби, задолжително треба да се регистрирате на следниот линк: https://machinery2019.b2match.io/home каде можете да ги погледнете сите компании коишто се пријавени, програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот.

Рокот за пријавување и регистрација е до 12.11.2019 година.

Пријавувањето за сите заинтересирани компании е бесплатно, а  трошоците за превоз на релација Скопје - Виена - Скопје се на товар на самите компании.

Контакт лице:
Дојчин Смилевски
Трговското одделение при Австриската Амбасада Скопје
Максим Горки бр.1, 1000 Скопје
T +389 2 310 92 32
F +389 2 313 19 68
skopje@advantageaustria.org
www.advantageaustria.org/mk


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Ивана Крстевска
++ 389 2 3244051

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 20.08.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ 2016 (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 24.08.2020
НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА, ОТСУСТВО ОД РАБОТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Семинар, 26.08.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“