СЕ’ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ - КАКО ДА ИЗГОТВИТЕ ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
➢ Актуелно (15.10.2020)
👁 Прочитано: 865



СЕ’ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ - КАКО ДА ИЗГОТВИТЕ ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ

Во услови на пандемија од КОВИД-19 работењето во организациите продолжува поради приемот на документи кои се доставуваат секојдневно. За обезбедување непрекинато работење, од особено значење е приемот и движењето на документите во една организација, нивното навремено распределување по организациони единици и доставувањето до одговорните лица, да се одвива непречено. Таквото функцинирање е показател за ефикасно канцелариско и архивско работење во организацијата. 

Ограничувањето, а во некои случаи и целосниот прекин на работниот процес, доведоа до потреба работодавачите исклучително брзо и ефикасно да се адаптираат на новите услови, преку воведување на  интерни мерки кои не само што го одржаа деловниот потфат во живот, овозможија и негово натамошно функционирање.

Креирањето и изготвување на Планот и листата на архивските знаци со рокови на чување на документите/списите и неговото користење е значајно за работењето на организацијата, посебно во моментот на разведување на документите/списите во деловодникот на крај на годината, како и во моментот на уништување на документите/списите кога ќе дојде време за таа постапка.
Со цел да се одговори на актуелните потреби, прашања и дилеми на целисходен и ефективен начин, Стопанската комора на Македонија, на 14 октомври  2020 година, организираше онлајн работилница на тема: „Изготвување на план и листа на архивски знаци  со рокови на чување,  избор на комисија за негово изготвување, известување за користење на попис на документи за тековна 2021 година во предвиден Законски рок за поднесување до Државен архив на Република Северна Македонија “.

На онлајн  работилницата  дополнително, се опфати и начинот на изготвување на овластувања за работа на лицата задолжени за работа во писарницата и архивата, начинот на одбележување на документите со рокови на чување, водење на деловодник и негово пополнување, начинот на пополнување на броевите во деловодник како и начинот на пополнување на цеколокупната пропратна документација на деловодникот.

Практичниот аспект на овој семинар имаше за цел да ги дефинира комплексните активности во процесот на административно работење со документи и записи, начините на нивно распоредување, како и овластувањата и одговорностите за нивното извршување, во согласност со законските прописи и интерните акти на организацијата.
Семинарот исто така ги третираше и темите кои се однесуваат на организација и реализација на работењето во писарница, начинот на управувување, чување, селекција, складирање и поништување на документи. 

Предавач на семинарот беше Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“, со 25-годишно искуство во областа на архивското работење. Тодоровска повеќе од 5 години е активен предавач на обуките во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси, обуки кои Комората ги креира во согласност со барањата и потребите на реалниот сектор.

М-р Анита Митревска
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија