Еуростат ја презентира интерактивната дигитална публикација во рамки на целта на одржлив развој „Достапна и чиста енергија”
➢ Актуелно (17.09.2020)
👁 Прочитано: 613



Еуростат ја презентира интерактивната дигитална публикација во рамки на целта на одржлив развој „Достапна и чиста енергија”

Целта на одржливиот развој (SDG 7) „Достапна и чиста енергија“ повикува на обезбедување универзален пристап до современи енергетски услуги, подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на учеството на обновливата енергија. За да се забрза транзицијата кон достапен, сигурен и одржлив енергетски систем, земјите треба да го олеснат пристапот до истражување на чиста енергија, да промовираат инвестиции во енергетска инфраструктура и технологија за чиста енергија.

Целите на одржливиот развој се усовени од Генералното собрание на ООН во 2015 година и обезбедуваат нова рамка на глобална политика со цел да се стави крај на сите форми на сиромаштија, борба против нееднаквостите и справување со климатските промени. Тие се поделени на 17 цели, кои се однесуваат на социјалните, економските и еколошките аспекти.

Различните алатки за визуелизација на интерактивната дигитална публикација на Еуростат „SDGs & me“ овозможуваат лесно да се истражи и процените ситуацијата во одредена земја членка на ЕУ и да се направи споредба со другите земји.

Повеќе информации во врска со оваа публикација можете да прочитате на следниот линк  https://ec.europa.eu/eurostat/web/products-eurostat-news/-/EDN-20200916-2?inheritRedirect=true&redirect=%2Feurostat%2F

 

Служба за информирање при Комората