НАСОКА ЗА УВОЗ НА ВИНО СО ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛНО ПОТЕКЛО ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РАМКИ НА ТАРИФНИ КВОТИ
➢ Актуелно (16.09.2020)
👁 Прочитано: 306



НАСОКА  ЗА УВОЗ НА ВИНО СО ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛНО ПОТЕКЛО ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РАМКИ НА ТАРИФНИ КВОТИ

 

 

1. Со оваа насока се утврдува начинот, условите и критериумите за остварување на правото на користење на тарифни квоти при увоз на вино со преференцијално потекло од Европската унија.

2. Надлежни за постапување по оваа насока се вработените во царинските испостави каде се врши увозно царинење и кои се овластени за работа со тарифни квоти (во натамошниот текст: царински службеник).

3. Условите за користење на тарифни квоти се пропишани во Анекс I од Дополнителниот протокол за адаптација на трговските аспекти од Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија, од една страна, и Европските заедници и нејзините земји членки, од друга страна, со резултатот од преговорите помеѓу договорните страни за воспоставување взаемни повластици за некои вина, взаемно признавање, заштита и контрола на имињата на вината и взаемно признавање, заштита и контрола на имиња на алкохолни и ароматизирани пијалоци [1] .

4. Увозот на вино во Република Северна Македонија со преференцијално потекло од Европската унија во количини како што е наведено во следната табела подлежи на концесии во рамки на квоти:

 

Тарифна ознака

Опис

Применлива царина

Количина (хл)

20 13 година

Годишно зголемување (хл) од 20 14 година

ех 2204 10

ех 2204 21

Квалитетни пенливи вина

Вина од свежо грозје

Слободно

13.800

+300

 

5. При увоз на вино со преференцијално потекло, со цел да се користи тарифна квота, покрај доказот за преференцијално потекло задолжително мора да се приложи Сертификат за увоз на вино во Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: сертификат). Примерок од сертификатот е објавен во прилог на Одлуката на Европската комисија („Службен весник на Европска унија“ L 169/52 од 28.06.2002 година).

I. Постапување при увоз на вино со преференцијално потекло од Европска унија во рамки на квота

6. При увоз на вино со преференцијално потекло од Европска унија во рамки на квота при преглед на увозната царинска декларација и приложените документи, царинскиот службеник потребно е да провери дали соодветните рубрики од царинската декларација се пополнети согласно Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и Кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација [2] , односно проверува дали во следниве рубрики е пополнето:

- рубрика 34 – шифра за земја на потекло од Европска унија;

- рубрика 36 – податок за преференцијал со шифра 320;

- рубрика 39 – број на квота за увоз на вино со потекло од ЕУ и

- во рубрика 44 – дополнителни информации, приложени документи, потврди и одобренија, во делот „Други документи” е пополнет 6010 за податок за сертификат за увоз на вино и 5071 други документи за податок за уплата на административна такса .

7. Царинскиот службеник е должен да утврди дали увозникот кон царинската декларација, освен документите кои се пропишани со Уредбата за спроведување на Царински закон [3] и Упатството за приложени документи кон Единствениот царински документ [4] , доставил валиден сертификат во оригинал и копија, издаден од официјално признато тело и е извршена посебна уплата на административна такса преку налог за плаќање на јавни приходи согласно Упатството за начинот на наплата на административни такси [5] .

8. Царинскиот службеник е должен да утврди дали сертификатот ги исполнува пропишаните услови и тоа:

- да биде со димензии 210x297 мм;

- хартијата да биде бела за пишување, димензионирана, без механички оштетувања и маса не помала од 40 г/м2;

- доколку документот се состои од неколку примероци, само горниот примерок, кој е оригинал, има отпечатан знак „guilloche”. Овој примерок мора да биде означен со „оригинал”, а останатите примероци со „копија”.

- сертификатот мора да биде печатен на еден од службените јазици на земјите членки на Европската унија;

- секој сертификат мора да има сериски број и изглед како што е наведено во Прилог 1 на ова упатство;

- во рубриките 10 и 11 серификатите мора да бидат оверени од страна на надлежни тела, заводи и лаборатории од земјите членки на Европската унија;

- сертификатите мора да бидат составени од оригинал и најмалку една копија. Пратката со вино треба да ја прати и оригиналот и копијата;

- сертификатот мора да е пополнет на машина или на рака (во тој случај се пополнува со мастило и со големи печатни букви), не смее да има траги од бришење и не смее да има никакви грешки при пополнување;

- податоците кои се запишуваат во рубрика 11 од сертификатот може да се поднесат во форма на одделни извештаи од анализа, потврдени во надлежна лабораторија. Во тој случај податоците внесени во рубрика 11 мора да упатуваат на одделни извештаи.

9. Царинскиот службеник задолжително проверува дали сертификатот е заверен од официјално признато тело. Официјалното признато тело се проверува во листите на слединот линк:

https://ec.europa.eu/info/food-farming-fisheries/farming/facts-and- figures/markets/overviews/market-observatories/wine/eu-wine-lists_en

10. Доколку сертификатот е заверен од официјално признато тело наведено во листите споменати во точка 9 на оваа насока, царинскиот службеник ја прифаќа увозната царинска декларација и постапува, согласно Упатството за распределба на тарифните квоти според принципот „прв дојден, прв корисник преку Електронскиот систем за интегрирана тарифна околина (ИТО)“ [6] .

 

  1. Доколку во постапката на увозно царинење не е приложен валиден сертификат, царинскиот службеник не ја прифаќа увозната царинска декларација како декларација за квота .

 

III . Завршни одредби

  1. Одговорни за спроведување на оваа насока се царинските службеници од надлежните царински испостави за работа со квота.

  2. Надлежен за предлагање на измени и дополнувања на оваа насока е помошник директорот на Секторот за царински систем.

  3. Сите непосредни раководители се должни со оваа насока да ги запознаат вработените во организационата единица со која раководат.

  1. Секторот за царински систем, во соработка со Секторот за информатички и комуникациски технологии, е должен веднаш по потпишувањето на оваа насока, истата да ја направи достапна до сите вработени во Царинската управа, согласно Процедурата за депозитар на документација.

  1. Секое постапување спротивно на одредбите на оваа насока ќе биде предмет на утврдување на дисциплинска одговорност.

  1. Со стапување во сила на оваа насока престанува да важи 01.30.32.НС.002.03

    Насоката за увоз на вино со преференцијално потекло од Европската Унија во рамки на тарифни квоти број 01 - 091034/17 – 0003 од 14.01.2020 година.

  2. Оваа насока стапува на сила со денот на нејзиното потпишување.

Директор

М-р Ѓоко Танасоски

Прилог 1 - Примерок од Сертификат за увоз на вино во Република Македонија согласно Одлуката на Европската комисија (L 169/52 од 28.06.2002).

 

Прилог 1 - Сертификат за увоз на вино во Република Македонија

 

 

[2] Правилникот за начинот на пополнување на царински декларации и кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација со сите измени и дополнувања како екстерен акт е објавен во Депозитарот согласно Процедурата за депозитар на документација на Царинската управа

[3] Уредбата за спроведување на Царински закон со сите измени и дополнувања како екстерен акт е објавен во Депозитарот согласно Процедурата за депозитар на документација на Царинската управа

[4] Упатството за приложени документи кон единствениот царински документ со сите измени и дополнувања како интерен акт е објавено во Депозитарот согласно Процедурата за депозитар на документација на Царинската управа

[5] Упатството за начинот на наплата на административни такси како интерен акт е објавен во Депозитарот согласно Процедурата за депозитар на документацијата на Царинската управа.

 

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија