Асоцијацијата за вино на Италија ги „отвори” средновековните вински прозори
➢ Актуелно (10.08.2020)
👁 Прочитано: 1080



Асоцијацијата за вино на Италија ги „отвори” средновековните  вински прозори

Креативноста во бизнисот не останува незабележана.Така Асоцијацијата за вино на Италија најде начин да ја искористи богатата архитектура и историја на Италија, со користење на средновековните вински прозори (buchetta del vino). Овие вински прозори во Италија се дел од црната историја, односно од 1630 година,  од периодот кога црната чума се ширела низ Европа, а тогашните производители и трговци на вино преку винските прозори го избегнувале директниот контакт со купувачот.

Како дел од средновековната традиција најзастапени се во винските региони на Тоскана и  Фиренца. Денес, во услови на пандемија, повторно ја најдоа својата намена, а љубителите на виното не останаа без уживање во овој пијалак на боговите.

 

Служба за информирање при Комората