ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НА НАЈВИСОКО НИВО ЗА ШЕСТ ГОДИНИ
➢ Актуелно (05.08.2020)
👁 Прочитано: 1181



ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НА НАЈВИСОКО НИВО ЗА ШЕСТ ГОДИНИ

Само минатата недела цената на златото порасна за четири отсто во однос на претходната, а аналитичарите сметаат дека до крајот на годината да достигне неверојатни 2.300 долари за унца. Инфлаторните очекувања ја поттурнаа побарувачката за благородниот метал до историски највисоко ниво.

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, цената на златото почна вртоглаво да расте и да ги соборува сите рекорди. Тоа, како што тврдат аналитичарите, не би требало да не зачудува бидејќи инвеститорите овој благороден метал го сметаат за сигурна котва во време на криза, па затоа прогнозираат и понатамошен раст на цената. Тврдат и дека побарувачката за злато е предизвикана и од стравувањето од инфлација бидејќи тоа им претставува главно средство за зачувување на имотот.

Во споредба со претходната година во истиот период кога изнесуваше 1.500 долари ова претставува и шестготишен историски раст и максимум.

Вложувањата во злато привлекоа многу инвеститори кои сакаат да го заштитат својот имот од инфлација која ја очекуваат а овој благороден метал со векови не ја губи вредноста, па јасно е зошто луѓето се свтруваат кон него кога настапува тешко време.

 

 

Служба за информирање при Комората