Најзелениот град во светот: Секои 18 дена се гради нов парк во Виена
➢ Актуелно (04.08.2020)
👁 Прочитано: 629



Најзелениот град во светот: Секои 18 дена се гради нов парк во Виена

Милионската метропола – Виена, прогласена е за „најзелен град” оваа година. Виена има рекордно учество од 53 проценти од зелениот простор – 1.000 паркови, 500.000 дрвја и безброј зелени места во градот. Во последните десет години, реновирани и новоизградени се 204  паркови со површина од 65 хектари.  


Овој град денес има повеќе од 1.000 паркови, на чие позеленување активно се работи, па на секои 18 дена, никнува и нов парк. Во борбата против климатските промени и топлината во градот, од централно значење се бројните зелени површини. „Поради оваа причина, со години проширувавме зелени површини во Виена, така што сега има над илјада паркови на располагање“, вели Ули Сама, членка на градската канцеларија за заштита на животната средина во Виена.
Виена планира да се преуредат уште 137.000 квадратни метри паркови и зелен простор во наредните години. Еден од овие редизајнирани паркови „Естерхазипарк“, станува првиот парк за ладење во Виена.


Во центарот на овој парк ќе бидат поставени „тушеви“ со водена магла, засадени растенија и дрвја со големи крошна. Покрај тоа, ќе се отстрани дел од асфалтната површина и бетонот со цел да се засадат нови дрвја, цвеќиња и тревници. Благодарение на инсталацијата за ладење, температурата на околината ќе може да се намали за шест степени.

 

Служба за информирање при Комората