СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО ГО ПРИСПОСОБУВА СВОЕТО РАБОТЕЊЕ СО СОФИСТИЦИРАНИ ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО ГО ПРИСПОСОБУВА СВОЕТО РАБОТЕЊЕ СО СОФИСТИЦИРАНИ ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ

„Онлајн“-обука со УЈП за поддршка на компаниите согласно владините мерки - 28.4.2020 година (вторник)

Имајќи ја предвид глобалната ситуација во врска со пандемијата од вирусот КОВИД-19, како и мерките, препораките, заклучоците и други акти коишто нашата држава ги презема во насока на спречување на ширење на пандемијата и намалување на штетните последици, како од здравствен, така и од економски карактер, неизбежно е во овој вонреден период сите да го приспособиме своето работење и да пристапиме кон зголемена примена на дигиталните технологии и услуги и истите да станат приоритет во секојдневното наше работење.
    
Денес, сакаме да најавиме дека Комората изврши набавка на опрема и претплата на еден од најквалитетните „онлајн“-софтвери за видео-конференциски врски која обезбедува стабилна конекција за голем број учесници и истовремено организирање на повеќе настани, со што во овој вонреден период го приспособуваме целосно нашето работење и преку примена на софистицирани дигитални технологии продолжуваме со континуирана организација на настани, состаноци, конференции, бизнис-форуми, прес-конференции и едукација, а со тоа продолжуваме и во остварувањето на целите на нашето постоење. 

Со цел полесно, поефикасно и соодветно искористување на мерките донесени за поддршка на работодавачите од приватниот сектор, каде на практичен начин ќе се обработат и презентираат донесените уредби со законска сила кои се во надлежност на Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија,  промотивно, првата „онлајн“-обука ја организираме во соработка со Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија на тема: ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ КОВИД-19, која ќе се одржи на 28.4.2020 година (вторник), од 10:00 до 13:00 часот. Обуката преку виртуелна училница ќе се изведува во живо и вклучува целосна интеракција на учесниците.

Стопанската комора на Македонија, како лидер во коморското организирање во државата во минатата година организираше преку 225 настани (состаноци и расправи за компаниите, конференции, форуми, проектни активности, презентации) на здруженијата според дејности и преку регионалните комори, одржа 48 прес-конференции и повеќе од 40 бизнис-настани кои беа медиумски поддржани, а само преку Центарот за едукација беа организирани 120 едукативни настани на кои учествуваа 2700 посетители.

П.С.  Можеме да очекуваме дека по завршувањето на пандемијата корисничките навики можеби и ќе се променат и дигиталната услуга ќе стане приоритет во секојдневното работење и живеење на сите нас. 

м-р Анета Трајковска
Оперативен директор на Стопанската комора на Македонија