АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ
👁 Прочитано: 1311



АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

- Одржан состанок на Управниот Одбор на КИФ -

На денешната седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум беше донесен заклучок претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, од идниот месец, по спроведувањето на процедурите, да биде именуван за претседател на Коморскиот инвестициски форум.

Коморскиот инвестициски форум застапува 350.000 компании од регионот на Западен Балкан, како асоцијација која е основана од шесте комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово), во рамките на Берлинскиот процес, како резултат на заложбите за зајакнување на регионалната економска соработка, заснована на дијалог и взаемна доверба

АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ - Од основањето на Коморскиот инвестициски форум како заедничка институција на шесте комори од Западен Балкан, направени се значителни поместувања во поглед на поврзување на бизнис заедниците и економиите од регионот и зајакнување на меѓусебните односи на ниво на шесте влади од Западен Балкан. Шесте комори во рамки на КИФ, во соработка со своите стратешки партнери и поддржувачи на процесот за креирање единствена регионална економска област, активно работат на имплементација на проектни активности во насока на креирање на подобри услови за работа на компаниите во регионот но и нивен настап на европските пазари- истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на денешниот состанок на Управниот Одбор на Коморскиот инвестициски форум.

АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ  АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

На состанокот на Управниот Одбор, претседателите на шесте комори заедно со националните координатори на активностите во рамки на КИФ, дискутираа за досега отпочнатите проектни активности и нивната имплементација во наредниот период. За регионот од особено значење се активностите коишто ќе се реализираат до крај на годината, вклучувајќи го Самитот на ЕУ којшто ќе се одржи во мај во Загреб, како и Самитот на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот Процес којшто е планиран да се реализира во октомври годинава, во чиишто рамки Северна Македонија ќе биде домаќин на економскиот дел од самитот. Во меѓувреме менаџментот на КИФ, останува да работи во насока на уредување на институционалниот капацитет и јакнеење на проектните активности во рамки на КИФ.

АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ  АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

Азески во своето излагање потенцираше дека во наредниот период со поддршка од институциите на Европската Унија, КИФ ќе продолжи во насока на решавање на тековните проблеми во регионот на Западен Балкан со поголемо учество на владите од регионот во целокупниот процес. Тој најави институционално јакнење на КИФ, формирање заедничка арбитража и кредитно биро, како и олеснување на постапките за размена на стоки и услуги на граничните премини. Преку финансиски и осигурителни институции, кои имаат филијали во земјите од регионот, со одредени поволности, преку Коморскиот инвестициски форум ќе работиме во насока на поттикнување на размената.

АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ  АЗЕСКИ ОД ИДНИОТ МЕСЕЦ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

- И понатаму ќе продолжиме да работиме на зајакнување на регионалната економска соработка преку активно лобирање и залагање за јавно-приватен дијалог меѓу бизнис заедниците, институциите и владите од регионот, како и решавање на проблемите поврзани со зголемување на интрарегионалната трговска размена, зголемување на размената на регионот со земјите од Европската Унија, зголемување на странските инвестиции, слободно движење на стоки и луѓе, како и дигитализација на процесите во шесте земји од регионот со цел поврзување на институциите и намалување на постапките за соработка во регионот но и со Европската Унија - додаде Азески.

 

м-р Сања Николова
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија