КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!
👁 Прочитано: 489



КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

- Во АКТУЕЛНО, за новата методологија за препознавање на знаењата на вработените во градежништвото што ќе се реализира со сертифицирање на стекнатите вештини и знаење, преку неформални обуки или неформално образование, за што во тек е Повик за пријавување на работници кои минале ваков тип на обука.

Активноста е во рамки на Проектот „ТРАИНЕЕ - Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“, од програмата „Хоризонт 2020‟ и иницијативата на ЕУ за градење на капацитетите и подобрување на вештините во градежниот сектор за одржливо енергетски ефикасно градење.

- М-р Анета Димовска, анализирајќи ги начините како да се спроведат бизнис активностите претставени на редовната прес-конференција, во рубриката ПОРАКА ОД... укажува дека паралелно со системските мерки за постигнување на поголема енергетска ефикасност многу значајно е да се почитуваат и советите кои влијаат на зголемување на енергетската ефикасност, што значи да се намалат потребите за енергија без негативни последици врз работата и живеењето.

- Од активностите во рамките на КИФ, акцент на одлуката што ја донесе Мешовитиот комитет на ЦЕФТА за олеснување на трговијата со овошје и зеленчук во регионот на ЗБ во насока на раст и развој на економијата во овој дел од Европа. Одлуката предвидува строги правила што се целосно усогласени со правилата на Европската унија и го олеснуваат протокот на стоки, а ќе создадат и сигурност дека при трговијата квалитетот на овошјето и зеленчукот не е компромитиран на кој било начин.

- Преку веб-порталот на Комората на дневна основа ви нудиме информации и за други видови содржини.

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!