КВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – ГЕНЕРАТОР НА ИНОВАЦИИ И ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ

   

👁 Прочитано: 2129


КВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – ГЕНЕРАТОР НА ИНОВАЦИИ И ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ

Швајцарија, земјата синоним за неутралност, квалитетно чоколадо, првокласни часовници, банкарски центар на Европа, земја која веќе 9 години по ред е прворангирана во областа на иновациите.

На што се должи успехот на оваа мала алпска земја?

Ø Квалитетниот образовен систем и развиеното стручно образование базирано на дуалните принципи (настава во училиште и настава во компанија) ја класифицира оваа земја помеѓу најнапредните, рангирана на 9-то место од вкупно 65 држави во истражувањето на ОЕЦД/ПИСА за образовните стандарди кај 15-годишниците. Две третини (2/3) од вкупниот број на средношколцисе одлучуваат токму за стручното образование како начин за стекнување знаења и вештини во рамките на училиштето, но и во компанијата каде се изведува практичниот дел од наставата со што по завршувањето на тригодишно или четиригодишно средно образование, учениците излегуваат подготвени на пазарот на труд, а нивните вештини и искуства стекнати во компаниите за време на учењето се препознаени од страна на работодавачите.

Ø Администрацијата и регулирањето на училишниот систем во Швајцарија ги вршат кантоните , додека централната власт има одреден нацрт-план. Секој кантон поставува свој училиштен календар, наставна програма и критериуми. Овој систем го надгледува Државниот секретаријат за образование, истражување и иновации. Специфична карактеристика на швајцарскиот образовен систем е земањето предвид на желбите и способностите на учениците.

Ø За земја која има ограничени природни ресурси, стратегијата за инвестиција во образованието се покажа како доста важна алка за развој и креирање иновации кои придонесуваат до уште поголем економски развој. Од аспект на инвестиции во образованието, 16,5% од буџетот на Конфедерацијата е наменет токму за образованието, во споредба со просекот на ЕУ-28 за 2019 година кој изнесува 10,2%.

Оваа стратегија многу одамна беше препозната од страна на скандинавските земји кои со инвестиции во образованието се изградија во економски силни земји, со развиена инфраструктура, достигнувајќи високи стандарди рангирајќи се во првите 10 земји во светот по квалитет во образованието.

Михајло Донев