ИНВЕСТИЦИИ И АВТОМАТИЗАЦИЈА - ЗА ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

   

👁 Прочитано: 380


ИНВЕСТИЦИИ И АВТОМАТИЗАЦИЈА - ЗА ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

Компанијата Трикотажа Антигона -  Тетово е основана 1989 година како компанија со  100% приватен капитал и истата поседува погон во село Брвеница во кој работат околу 25 вработени. Работата во погонот е беспрекорно организирана и опремена со машински парк за производство на трикотажа и конфекција, за кои секоја година се издвојува средства за усовршување и унапредување на производствената технологија, се` со цел на клиентот да му се овозможи високо ниво на услуга.

Месечниот капацитет на производство на компанијата е 3.000 производствени единици каде најголем дел од производите се пласираат на домашниот пазар, но во помали серии и на европскиот пазар како Германија, Белгија и Холандија. 

Процесот на производство е под постојана контрола и тоа почнувајќи од првиот чекор од производството на предиво и трикотажен материјал, па шиење и конфекционирање, а преку останатите производни процеси, се` до комплетирање на готовиот производ.

Во разговорот со сопственикот на компанијата г-дин Ѓорѓи Чорогунов  беа отворени низа на прашања кои ја оптоваруваат работата на оваа дејност, како недостигот на стручна работна сила кој се провлекува со години наназад и малата продуктивност во производство, како и проблемите околу зголемувањето на минималната плата која по автоматизам мора да доведе до зголемување на платите и на подобрите работници, а тоа оваа дејност тешко може да го издржи во овој период. Со цел да бидеме конкурентни во однос на опкружувањето, македонските текстилни компании мора да направат вложувања во автоматизација на производните процеси, инвестиции во нови и модерни машини, а со тоа подобрување на квалитетот и обезбедување на поголема продуктивност во работењето.

Исто така иако се мала компанија, непредвидливиот деловен амбиент во тековното  работење кој се провлекува со години наназад, како  и честото менување на законските и подзаконските акти и им прават дополнителни  проблеми во  тековното работење потенцираше г-дин Чорогунов.

Сашо Деспотоски