ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ДАНОК НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
12.09.2019

            Со Предлог - законот се уредува данокот на моторни возила наменети за употреба на територијата на Република Северна Македонија, во поглед на настанувањето, пресметувањето и плаќањето на данокот на моторни возила, правата и обврските на обврзниците за плаќање на данокот на моторни возила и надлежностите на царинскиот орган во врска со данокот на моторни возила.
            Моторните возила опфатени со овој закон се подлежни на плаќање данок на моторни возила пред нивната регистрација, во случај кога на територијата на Република Северна Македонија се врши:
1) производство и пуштање во промет или пренамена од еден во друг тип на моторно возило,
2) увоз на моторно возило и
3) внес на моторно возило.
Предмет на оданочување со данок на моторни возила се нови и употребувани моторни возила кои за прв пат се ставаат во слободен промет или за прв пат се регистрираат во Република Северна Македонија и за кои не е пресметан и платен данокот на моторни возила, и тоа:

1) патнички автомобили и останати моторни возила конструирани првенствено за превоз на лица, вклучувајќи моторни возила за комбиниран превоз на лица и стоки од типот караван, комби и слично, спортски автомобили прилагодени за употреба на патиштата од тарифните ознаки од Номенклатурата на Царинската тарифа: 8703 21, 8703 22, 8703 23, 8703 24, 8703 31, 8703 32, 8703 33 и 8703 90, освен амбулантни возила, доставни “van“ возила и возила посебно прилагодени и наменети за превоз на починати лица;
2) патнички возила кои се движат на хибриден електричен погон (комбинација на мотор со внатрешно согорување и со електричен мотор како погонски мотор) и тоа:
 со можност да бидат полнети со приклучување на надворешен извор на електрична струја “plug-in“, од тарифните ознаки 8703 60 и 8703 70 ,
 без можност да бидат полнети со приклучување на надворешен извор на електрична струја, од тарифните ознаки 8703 40 и 8703 50 .
3) Мотоцикли (вклучително и мопеди), скутери и слични возила со или без странична приколка од тарифните ознаки од Номенклатурата на Царинската тарифа: 8711 20, 8711 30, 8711 40, 8711 50 и 8711 90;
4) ”pick-up” возила со двојна кабина, независно од нивната тарифна ознака во Номенклатурата на Царинската тарифа;
5) трицикли и четирицикли независно од нивната тарифна ознака во Номенклатурата на Царинската тарифа;
6) други моторни возила пренаменети во наведените моторни возила.

По исклучок, не се предмет на оданочување со данок на моторни возила:

1) патнички возила кои се движат само со електричен погонски мотор, од тарифната ознака 8703 80,
2) мотоцикли и скутери само со електричен мотор за погон од тарифните ознаки 8711 60,
3) трицикли и четирицикли само со електричен мотор за погон независно од нивната тарифна ознака во Номенклатурата на Царинската тарифа.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје