ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
НОВ ПОДЗАКОНСКИ АКТ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА, објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 184 од 6 септември 2019 година
11.09.2019

Врз основа на член 23-б став 12 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18) министерот за економија, донесе

- ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛAЦИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ЛИЦЕНЦАТА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛAЦИ И ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ ЗА ИЗДАДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИ

Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на образецот на барањето за издавање лиценца за продажба на алкохолни пијалaци, формата и содржината на образецот на лиценцата за продажба на алкохолни пијалaци и формата, содржината и начинот на водење на Регистарот за издадени и одземени лиценци.

Формата и содржината на образецот на барањето се дадени во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник.

Формата и содржината на образецот на лиценцата се дадени во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник.

Формата и содржината на регистарот се дадени во Прилог 3, кој е составен дел на овој правилник.

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за минимално-техничките услови на услови на продажниот објект во кој се врши продажба на алкохолни пијалaци, формата, содржината и образецот на лиценцата и формата, содржината и начинот на водење на регистарот за издадени и одземени лиценци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 93/08).

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје