Групација на осигурувањето

   

 



Податоци за дејноста

ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО 2019 ГОДИНА

Во 2019 година остварена е бруто полисираната премија (БПП), во вкупен износ од 10,58 милијарди денари, што претставува пораст на приходите од 6,61% во однос на претходната година.

Кај неживотното осигурување во 2019 година БПП изнесува 8,75 милијарди денари или раст од 5,99%, додека кај животното осигурување остварена е БПП од  1,83 милијарди денари што претставува зголемување од 9,64%.

Друштвата за осигурување во 2019 година исплатиле бруто - износ на штети од 4,03 милијарди денари. Во споредба со 2018 година бруто исплатените штети бележат пораст од 2,87%.

Кај неживотното осигурување во 2019 година бруто исплатените штети изнесуваат 3,68 милијарди денари или раст од 2,66%, додека кај животното осигурување бруто - износ на штети од  0,35 милијарди денари што претставува зголемување од 5,12%.

Контакт лице: Влатко Стојановски
Телефон: ++ 389 2 3244004
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје