ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ОБУКИ ПО МЕРКА НА БИЗНИСОТ

   

👁 Прочитано: 622


ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ОБУКИ ПО МЕРКА НА БИЗНИСОТ

Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија континуирано организира обуки на актуелни теми кои им овозможуваат на учесниците да стекнат нови знаења и практични искуства во имплементација на законска регулатива, работни процеси, но исто така внимание посветуваме и на меките вештини кои се неопходни за унапредување на работата. Водени од потребите на компаниите, активно ги следиме новите трендови и методологии во насока на креирање на пазарно ориентирани обуки по мерка на бизнисот.

Дополнително, покрај обуките од отворен карактер, на барање на компаниите организираме и интерни обуки (in-house training) кои се реализираат во самата компанија, за вештини и знаења значајни за унапредување и подигнување на нивото на професионалност на своите кадри.

Mihajlo donev 
Михајло Донев, Стопанска комора на Македонија

Изминатата недела (24-28.02.2020 година) беа реализирани четири едукативни настани, различни теми за законските прописи, финансиите, подготовка на идните ментори во компании и меки вештини за професионална деловна комуникација, со што успешно беше реализирана зацртаната агенда за месец февруари 2020 година.

1.

„Каматни побарувања и нивни карактеристики, специфичности и разлики помеѓу законската и договорната камата и договорната казна“ беше инициран од честата неподготвеност на деловните субјекти своите каматни побарувања да ги регулираат на вистински начин, што од своја страна води кон големи загуби во работењето.

2.

Дилемите кои произлегуваат од одредбите од Законот за парничната постапка во врска со вештачењето како доказ во парничната постапка, особено после измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка („Службен весник на РМ“, број 116/2010) беа предмет на дискусија во рамки на семинарот: „Вештачењето како доказ во парничната постапка“.

3.
Обуката на стручен и друг кадар (ментори) во компании има за цел зајакнување на врските помеѓу работодавачите од страна на побарувачката и училиштата како генератори на идната работоспособна сила, од страна на понудата на пазарот на труд, а воедно претставува и еден од условите кои треба една компанија да ги исполни за да може да биде верифицирана од страна на Стопанската комора на Македонија за да бидат вклучени во процесот на практична работа.

4.

Семинарот „Професионална деловна комуникација – протокол менаџмент“ им овозможи на учесниците да се стекнат со информации кои ќе им помогнат да осознаат како се воспоставува и одржува ефективна соработка во работно опкружување преку остварување на ефективна комуникација, да го препознаат и да го оценат деловното опкружување што се развива брзо и во кое комуникациските вештини се од суштинско значење.

Што следува...

Семинарот што ќе се реализира оваа недела на тема: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И НАЧИН НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА има за цел да ги запознае стручните лица за безбедност при работа со новите законски измени и правилници кои ја регулираат работата од областа на безбедноста и здравјето при работа.

П.С. Дополнително ви го презентираме Планот за едукативни настани кои Центарот за едукација ги организира во месец март [ кликни тука ], во насока на Ваше континуирано известување за актуелности и теми од областа на едукацијата.

Михајло Донев