КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО ШТИП

   

АКТУЕЛНО / 28.01.2020
👁 Прочитано: 282


КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО ШТИП

Регионалната  комора со седиште во Штип во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој пред компаниите членки на Комората го презентираше Инструментот за поддршка - Кoфинансирани грантови за технолошки развој.

Претставниците на Фондот за иновации и технолошки развој пред компаниите во Штип ги презентираа условите и начините за аплицирање за добивање финансиски средства, кофинансирани грантови за технолошки развој. При тоа беше посочено дека повикот  е наменет за микро, мали и средни компании, како и за приватни здравствени установи до 250 вработени и не повеќе од 10 милиони евра годишен приход кои се регистрирани во земјава без разлика на нивната сопственост и Фондот ќе покрива до 30 отсто од инвестицијата, а останатите 70 отсто ќе треба да ги обезбеди апликантот од сопствени средства или од други извори.  

Овој повик велат од ФИТР има за цел подршка на компаниите да воведуваат современи практики и технологии во своето работење со што ќе станат поконкурентни, а се финансираат трошоци за набавка, изнајмување или изработка на опрема, реновирање на хали, софтверски алатки, како и трошоци поврзани со подготовка и реализација на обуки, со спроведување на план за подобра организациска структура, додека не е дозволено кофинансирање на трошоци за плати и набавка на стоки и услуги од домашни јавни претпријатија, за угостителски услуги.                            

КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО ШТИПЦелта на инструментот е да обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи, преку кофинансирање на предлог-проекти до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари по апликант. За микро компании се кофинансира до 30 отсто од инвестицијата за проектот, но не повеќе од пет милиони денари, а за малите и средни компании исто така до 30 отсто од инвестицијата, но не повеќе од 10 милиони денари. Се очекува целосната процедура за првиот повик да заврши до јануари идната година и да почне исплатата на средствата, а за вториот повик постапките за оценување ќе течат и покрај изборите, но одлуките за финансирање нема да се носат се` додека не заврши изборниот процес.

Рокот за поднесување апликации за јавниот повик по редовна постапка, во вредност од три милиони евра, ќе биде отворен до 5 февруари 2020 година и на него ќе можат да аплицираат и компании кои досега не учествувале на претходните јавни повици на Фондот.

Моника Стоичева