„ФС ШТАМПА ХИЛ“ – ПРЕПОЗНАТЛИВ БРЕНД ВО ПЕЧАТАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

   

👁 Прочитано: 3578


„ФС ШТАМПА ХИЛ“ – ПРЕПОЗНАТЛИВ БРЕНД ВО ПЕЧАТАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

Семејната компанија „Фс Штампа Хил“ ДОО од Штип, во сопственост на Владимир Хилјадников,  повеќе од 7 години е присутна во печатарската индустрија, а од самиот нејзин почеток таа е членка на Регионалната комора со седиште во Штип  при Стопанската комора на Македонија.

При посетата на компанијата од страна на претставници на Комората, во разговор со сопственикот, беа истакнати предизвиците во развојниот циклус на истата, како и визиите за натамошниот развој и функционирање.

Примарна дејност на компанијата е сито-техниката,  односно сито-печат, којшто претставува специфичен и редок правец во печатарската индустрија. Од пред три години компанијата значително се проширува и во дигиталното печатење со нови софистицирани машини, со целосна дигитализација и професионална услуга во оваа  дејност, перманентно зголемувајќи го бројот на работници.

Секоја година „ФС Штампа Хил“ ДОО се труди да воведува новини во работењето, па така  оваа година  дејноста ја проширија во уште еден сектор – дел за изработка на светлечки реклами, билборди и друго. Веќе од наредниот месец  во план е и  отворање на нова работилница со нови 5 работни места и со нов бренд „СКАЈ МЕДИА ХИЛ“, којшто ќе работи под заштита на брендот „ФС ШТАМПА ХИЛ“ ДОО.

„ФС ШТАМПА ХИЛ“ – ПРЕПОЗНАТЛИВ БРЕНД ВО ПЕЧАТАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

На крајот од разговорот, Хилјадников изрази благодарност до сите нивни комитенти за соработката во изминатиов период, бидејќи во време  кога бизнис климата и не е така идеална за инвестиции во печатарската индустрија, тие успеаја да најдат начин како да инвестираат во овој бизнис и во негово значително проширување. Како проблем со којшто секојдневно се соочува компанијата, посебно беше истакнат недостатокот на работна сила, односно на квалификуван стручен кадар. Иако е потребно многу труд, сепак раководниот тим верува во нивните идеи и се надева дека досегашниот успех и иновативниот развој ќе продолжат со исто темпо и во иднина.

Моника Стоичева