ИНТЕРАКТИВЕН ПОРТАЛ НА ЕУ ЗА ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПАТУВАЊЕТО ВО ДРЖАВИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ
👁 Прочитано: 8123



ИНТЕРАКТИВЕН ПОРТАЛ НА ЕУ ЗА ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПАТУВАЊЕТО ВО ДРЖАВИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ

Европската унија објави интерактивен портал, на кој се достапни сите информации поврзани со патувањето во државите-членки на ЕУ во процесот на повторно отварање на границите и укинувањето на ограничувањата кои беа воведени како резултат на пандемијата на коронавирусот Ковид-19. Порталот https://reopen.europa.eu/en/ е достапен на 24 јазици, и се ажирира на дневна основа.

На порталот https://reopen.europa.eu/en/ се достапни сите информации поврзани со патувањето во државите-членки на ЕУ од страна на државјани на ЕУ и државјани на трети држави, можностите за транзит, користење на авионски и поморски сообраќај во таа држава, потребните документи или процедури за влез во таа држава поврзани со спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19, достапноста на услугите во таа држава (продавници, хотели, ресторани, барови), како и за важечките мерки поврзани со спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19 (обврска за носење маски, примена на посебни протоколи и заштитни мерки).

Служба за информирање

Служба за информирање при Комората