КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА ВО БИТОЛА

   

АКТУЕЛНО / 17.01.2020
👁 Прочитано: 393


КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ  - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА ВО БИТОЛА

Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, на 16.01.2020 година организираа презентација на условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за технолошки развој.

Претставниците на Фондот за иновации и технолошки развој пред присутните стопанственици ги образложија деталите на повикот кој е наменет за микро, мали и средни компании, како и за приватни здравствени установи до 250 вработени и не повеќе од 10 милиони евра годишен приход кои се регистрирани во земјава без разлика на нивната сопственост и Фондот ќе покрива до 30 отсто од инвестицијата, а останатите 70 отсто ќе треба да ги обезбеди апликантот од сопствени средства или од други извори.   

Се поддржуваат компаниите да воведуваат современи практики и технологии во своето работење со што ќе станат поконкурентни, а се финансираат трошоци за набавка, изнајмување или изработка на опрема, реновирање на хали, софтверски алатки, како и трошоци поврзани со подготовка и реализација на обуки, со спроведување на план за подобра организациска структура, додека не е дозволено кофинансирање на трошоци за плати и набавка на стоки и услуги од домашни јавни претпријатија, за угостителски услуги.                             

КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ  - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА ВО БИТОЛАЦелта на овој инструмент е да обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи, преку кофинансирање на предлог-проекти до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари по апликант. За микро компании се кофинансира до 30 отсто од инвестицијата за проектот, но не повеќе од пет милиони денари, а за малите и средни компании исто така до 30 отсто од инвестицијата, но не повеќе од 10 милиони денари. Се очекува целосната процедура за првиот повик да заврши до јануари идната година и да почне исплатата на средствата, а за вториот повик постапките за оценување ќе течат и покрај изборите, но одлуките за финансирање нема да се носат се` додека не заврши изборниот процес.

Рокот за поднесување апликации за јавниот повик по редовна постапка, во вредност од три милиони евра, ќе биде отворен до 5 февруари 2020 година и на него ќе можат да аплицираат и компании кои досега не учествувале на претходните јавни повици на Фондот.

Подетално компаниите може да се информираат на следниот линк:  http://www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj/

м-р Никола Димковски