Извозот на швајцарски часовници бележи пораст
➢ Актуелно (17.09.2020)
👁 Прочитано: 686



Извозот на швајцарски часовници бележи пораст

Зголемената побарувачка на часовници од Кина, го ублажи падот на извозот на швајцарските часовници предизвикан од корона кризата.

Според Федерацијата на швајцарската индустрија за часовници во текот на кризата пратките се намалиле за 17%, односно 1,6 милијарди швајцарски франци (1,8 милијарди американски долари). Во текот на изминативе месеци пратките кон Кина се зголемија за 59%, бидејќи потрошувачите се враќаат на луксузниот  шопинг на нивниот домашен пазар.

Побарувачката на часовници од  Велика Британија исто така е зголемена, со што се нуди надеж за стабилизирање на пазарот, но генерално оваа индустрија се’ уште ги чувствува последиците од пандемијата, бидејќи поради корона вирусот  дојде до затворање на продавниците и забрана на патувањата. Извозот за оваа година се очекува да падне за 30% во споредба со минатата година.

 

Служба за информирање при Комората