СТРАБАГ АГ – АВСТРИСКИ КВАЛИТЕТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА

   

👁 Прочитано: 7398


СТРАБАГ АГ – АВСТРИСКИ КВАЛИТЕТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА

Компанијата СТРАБАГ е европски технолошки партнер за градежни услуги, лидер во иновациите и финансиската сила. Услугите што ги нудат ги опфаќаат сите области на градежната индустрија. Тие создаваат додадена вредност за своите клиенти преку специјализирани субјекти кои ги интегрираат најразновидните услуги и истовремено преземаат одговорност за нив. Со успешната алокација на човечките ресурси, материјали и механизацијата на вистинско место и во вистинско време успеjа да реализираат дури и најсложени градежни проекти – навреме, со највисок квалитет и по најдобра цена. Со диверзификација на ризикот во голема мера им олеснуваат на своите клиенти во работењето. Благодарение на напорната работа и посветеност, во која се вклучени повеќе од 75.000 вработени, Страбаг е една од ретките компании кои се способни да нудат разновидни услуги во рамки на целиот синџир на градежни вредности - од дизајн до планирање, од градба па се до имотно услужни дејности и градење на патишта. При посетата на оваа реномирана компанија, која што има своја подружница и во РСМ, разговаравме со еден од управителите на истата, г-дин Игор Максимовиќ, којшто истакна дека има густа мрежа на бројни подружници во многу европски земји и на други континенти помагаат да се прошири нивната област на работење далеку над границите на Австрија и Германија. Оваа широка диверзификација ги става во позиција да градат економично и ефикасно. Секогаш тргнуваат од својата мисија при планирање на иднината и дистрибуирање на своите ресурси - како финансиските средства, така и капацитети на вработените - во компанијата.

СТРАБАГ АГ – АВСТРИСКИ КВАЛИТЕТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА СТРАБАГ АГ – АВСТРИСКИ КВАЛИТЕТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА

Во Република Северна Македонија СТРАБАГ АГ своето искуство и нови технологии во градежништвото ги остварува преку СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ – Скопје. Во моментот се спроведуваат редовни градежни активностi на следниве проекти:

- ИЗГРАДБА НА ЕКСПРЕСЕН ПАТ А4 ШТИП -РАДОВИШ А4 – градежни активности на секција клучка Штип-Југ (Софилари) – Бучим (прва фаза);

- Изградба на систем за водоснабдување на земјоделско земјиште – Валандово (наводнување на Јужна Вардарска долина);

- Изградба на Експресен Пат А4 Штип-Радовиш (втора фаза) – подготвителни активности.

Моника Стоичева