ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЧАРШАВИ ГОДИШНО, ПРОИЗВЕДЕНИ ВО „ГС ТЕКСТИЛ“ ОД СТРУМИЦА ОДАТ НА ПАЗАРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, АВСТРИЈА

   

👁 Прочитано: 1707


ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЧАРШАВИ ГОДИШНО, ПРОИЗВЕДЕНИ ВО „ГС ТЕКСТИЛ“ ОД СТРУМИЦА ОДАТ НА ПАЗАРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, АВСТРИЈА

Во фокусот на јавноста и медиумите во земјава најчесто, од разбирливи причини, се големи компании. Но, има и бројни помали компании кои се извозници и заслужуваат внимание. Една таква компанија е „ГС Текстил“ од Струмица, во сопственост на бизнисмени од соседна Грција. Разговорот со Никола Ташев, економски менаџер на компанијата, јасно ја отсликува битката на овие компании за остварување производство со врвен квалитет и освојување на странски пазари.

Компанијата произведува околу 1,2 милиони парчиња чаршави годишно, а годишниот нето-извоз изнесува 3 до 4 милиони евра. Своите производи „ГС Текстил“ ги продава на пазарите на Западна Европа, првенствено во Германија, Швајцарија, Австрија.

Компанијата има амбициозни цели. Од една страна, се фокусира на постигнување на максимален квалитет на своите производи. Затоа, во една фаза од производствениот процес, производите одат на доработка – бојадисување во Грција. Целта е да се задоволат највисоките еколошки стандарди поврзани со боите што се употребуваат.

ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЧАРШАВИ ГОДИШНО, ПРОИЗВЕДЕНИ ВО „ГС ТЕКСТИЛ“ ОД СТРУМИЦА ОДАТ НА ПАЗАРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, АВСТРИЈАОд друга страна, компанијата сака и да го прошири производството, но тоа да го направи со сопствени средства, без користење на банкарски кредити. Веќе има активности околу обезбедување земјиште за инвестиција во нова производна хала во близина на Струмица. Менаџерот Ташев ја истакнува и потребата од набавка на најсовремен машински парк заради постигнување повисока продуктивност на производството. Навестува и можна инвестиција во сопствена бојаџилница. Посочува дека можеби државата би можела да има поактивна улога и да обезбеди посебни фондови за ваков профил на компании, коишто патем се и финансиски стабилни.

Компанијата има 120 вработени, во целост ги почитува соодветните законски одредби што ги регулираат работните односи. Покрај редовната платата, компанијата на своите работници им исплаќа и дополнителни средства доколку во текот на годината надминат определен фонд на часови дополнителна и прекувремена работа. Сепак, како и многу други компании во земјава и „ГС Текстил“ се соочува со проблемот од наоѓање работници за процесот на производство. Постојано има отворен конкурс, но проблемот не се надминува лесно.

Никола Ташев го посочува и суштинскиот предизвик за текстилната индустрија во земјава. Вели дека е потребно да се гради бренд. Но, тоа неопходно бара здружување во рамки на индустријата. 

ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЧАРШАВИ ГОДИШНО, ПРОИЗВЕДЕНИ ВО „ГС ТЕКСТИЛ“ ОД СТРУМИЦА ОДАТ НА ПАЗАРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, АВСТРИЈА