НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 20.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (20.09.2020)
👁 Прочитано: 1193


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 20.09.
20.09.331 п.н.е., на реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрила со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битката кај Гавгамела“.
20.09.1519 година, португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.
20.09.1879 година, роден е Аптон Синклер, северноамерикански писател и публицист.
20.09.1934 година, родена е Софија Лорен, италијанска актерка.
20.09.1946 година, одржан е Првиот Кански филмски фестивал, во градот Кан на Француската ривиера.  
20.09.1950 година, Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина.  
20.09.1955 година, роден е Тодор Чепреганов, македонски историчар.
20.09.1963 година, американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на ООН предложил заедничка советско-американска експедиција на Месечината.
Служба за информирање при Комората